Страшо АНГЕЛОВСКИ

Во моментов, во Газа се случуваат воени злосторства, злосторства против човештвото, злосторства спротивни на меѓународното хуманитарно право. Владата на Нетанјаху, како одговор на терористичкиот напад на палестински Хамас врз Израел на 7 октомври, во кој беа убиени и киднапирани цивили, започна воена операција токму против Хамас. За жал, ваквата операција многу брзо премина во етничко чистење, во најбрутално убивање деца и невини цивили, па повеќе од 10.000 цивили и повеќе од 4.000 деца веќе се убиени со неселективното бомбардирање на Газа од страна на израелската армија. Дури, што е уште пострашно, се врши намерно уништување на болниците во Газа, се бомбардираат и училиштата на ОН во кој цивилите бараат заштита, па гинат и претставници на Светската организација, се сопира водата за пиење, електричната енергија, горивото за болничките агрегати… Со еден збор, се врши смислено уништување на еден цел народ.

Притоа, за голем срам на човештвото, “меѓународната заедница“, со мали исклучоци, потоната во своите срамни двојни стандарди, молчешкум го поддржува геноцидот и етничкото чистење. Па така, САД, во ОН, уште на почетокот, ставија вето на Резолуцијата за прекин на огнот, со што отворено застанаа на страна на ционистичките активности, а ЕУ, додека бара целосно ослободување на цивилите од страна на Хамас, од Израел, наместо целосен прекин на геноцидните бомбардирања, бара смешни “хуманитарни паузи“. Но, што може и да очекуваме од смешната ЕУ на уште посмешната фон дер Лајен.

Во таквите нечовечни изјави, извонредно искрено прозвучија зборовите на Педро Аројо Агудо, специјален известувач на ОН за води, кој од Израел побара, да не ја користи водата за пиење за невините цивили, како воено оружје (ова, во многу потсетува на затворањето на вентилот на Липковско езеро во 2001-та, како воено оружје).

КОРЕНИТЕ НА ЦИОНИСТИЧКИОТ ГЕНОЦИД

Ова што денес се случува, своите зачетоци ги има на 2 ноември 1917 година, кога лордот Балфор, како министер за надворешни работи на Британија, преку познатиот банкар лордот Ротшилд, лидер на еврејската заедница во Британија, до Ционистичкиот сојуз на Велика Британија и Ирска, испратил писмо во кое, во име на Владата, ги поддржува еврејските стремежи за создавање “национален дом“ во Палестина. Тој документ, станува исклучително значаен за ционистичкото движење, како еден вид повелба на која цело време се повикува. Во писмото, министерот Балфор, меѓу другото, запишал:

“Драг лорде Ротшилд,

Ми претставува огромно задоволство во име на Владата да ви ја пренесам следната Декларација за поддршка на еврејските ционистички аспирации, кои беа поднесени до Кабинетот и од него одобрени.

Владата гледа со благонаклоност на создавањето национално огниште во Палестина за еврејскиот народ и ќе вложи најголеми напори како би го олеснила постигнувањето на таа цел…“

И, така, поддржан од британската подмолна политика, започнува пеколниот ционистички план за создавање на државата Израел под мотото “Земја без народ, за народ без земја“. Ова значело “чистење“ на Палестина од Палестинците за да се добие “земја без народ“, која би му следувала на раселениот еврејски “народ без земја“. Ова, за жал, и покрај Резолуцијата на ОН за создавање две паралелни држави во Палестина – еврејска и палестинска – е процес на етничко чистење кој, еве, трае повеќе од сто години.

Треба да потсетиме дека во време на објавување на Балфоровата Декларација во Палестина живееле околу 56.000 евреи, а, непосредно воочи создавањето на еврејската држава, нешто повеќе од 600.000, што јасно говори за планското доселување, посебно околу Тибериското езеро, Тел Авив и Ерусалим. Истовремено, во тоа време, во Палестина живееле околу 1.380.000 Арапи.

Со објавувањето на Декларацијата на лордот Балфор, британската Влада ги официјализирала врските со светскиот ционизам, а, интересно е да се спомене дека токму Британија, случајно или не, потпиша стратегиски договор со Израел, пред само седум месеци воочи случувањата во Газа, во март годинава.

ШТО ПРЕТСТАВУВА ЦИОНИЗМОТ?

Ционистичкото движење е сложена организација, која во себе содржи десеттици или дури стотици различности – верски, идеолошки, хуманитарни, културни и други групи, за кои заедничка е поддршката и помошта за државата Израел. Од настанувањето на движењето, на групирањето на Евреите во Палестина, се гледало исклучиво како на политичка акција. Но, за волја на вистината, мора да се напомене дека не се сите Евреи ционисти и дека постојат и отворени критичари на ционизмот.

Па така, истакнатиот еврејски писател, професорот Јешајаху Лејбовиц, по војната во 1967 година, зборувајќи за ционизмот, го предвидел доаѓањето на она што тој го нарекол “јудео-нацизам“, што, се чини, како да се остварува токму деновиве. А, пред само десеттина години,  водечкиот израелски писател, Амос Оз, ги нарекол насилните ционистички еврејски фанатици на окупираните територии, кои се тврдокорни поддржувачи на денешниве министри и кои вршат погроми против Палестинците – “хебрејски неонацисти“.

И конечно, во 1975 година, додека уште не беше завладеано од либералното глобалистичко малцинство, Генералното собрание на ОН ја донело Резолуцијата број 3379, со која се осудува ционизмот како “облик на расизам и расна дискриминација“, која подоцна е отповикана со Резолуцијата број 4686 од 1991 година.

“ПРОТОКОЛИ НА СИОНСКИТЕ МУДРЕЦИ“

Овие “Протоколи…“ за кои се’ уште се дебатира дали се автентични или не, за првпат се објавени во 1905 година, на руски јазик, во второто издание на книгата на Сергеј Нилус “Големо во мало“. Според нивните толкувачи, овие записи “ја даваат основата и цртежите според кои ќе се исткае самораспаѓањето на христијанската култура“. Толкувачите на “Протоколите…“ тврдат дека целата политика на ционистите, па и онаа денешната, со која се врши етничкото чистење во Палестина, се спроведува токму според нив, кои ги има 24 на број.

Во Протоколот број 1, на пример, меѓу другото, пишува:

“Нашата парола е “Сила и лицемерие“. Само силата победува во политиката. Насилството мора да биде принцип, а итрината и лицемерието правило за сите влади. Ова зло е единственото средство за да се стаса до целта – доброто. Според тоа, ние не смееме да бегаме од подмитување, измама и предавство, кога тие треба да послужат за остварување на нашите цели. Во политиката треба да умееш без колебање да ја зграбиш туѓата сопственост, ако со нејзина помош можеш да се добереш до покорност и власт.“

Или, во “Протоколот број 12, пишува:

“… Книжевноста и новинарството се двете најважни воспитни сили – ете затоа ние ќе станеме сопственици на мнозинството весници. Со тоа, ќе го неутрализираме штетното влијание на останатите весници и ќе стекнеме огромно влијание на човечките умови… Ако одобриме десет нивни, ќе создадеме триесет наши весници и, се’ така во таа насока…“

Ова, колку да не се чудиме зошто низ светските медиуми се оправдува или, едноставно, се молчи за злосторствата врз деца и невини цивили во Газа. Зошто се молчи за поразот на човечноста и срамот за човештвото кои, за жал, претставуваат пораз и срам на нашата генерација.

(авторот е претседател на МААК)