Страшо АНГЕЛОВСКИ

Денешниов текст посветен на Европската Унија од една и, европските држави од друга страна, ќе се обидам да го пишувам со наједноставен јазик, со намера да биде разбирлив за секого. Можеше да има редица други наслови, како, на пример, “Кој им го краде суверенитетот на европските држави?“, или, “Кој и зошто си го распродава сопствениот суверенитет?“, или…

Кога во 1990 година го формиравме МААК, потребата од негово формирање беше наложена од итноста, при предвидливиот распад на дотогашната федерација, да постои политичка сила која, како што пишуваше во Манифестот на МААК, ќе се бори за создавање независна, самостојна и СУВЕРЕНА држава. Свесни дека во историски мигови на распад на една империја, веднаш се создава нова, која ќе се обиде да го заземе нејзиното место, во заложбите на МААК стоеше императивот – СУВЕРЕНАТА македонска држава да биде неутрална и демилитаризирана, за да не биде лесно зграбена со канџите на новата “империја“ во раѓање. За жал, идејата за неутралност не беше разбрана од политичките партии целосно посветени на НАТО и ЕУ, па денес, се наоѓаме во безизлезот на македонското суверено опстојување.

И, по распадот на дотогашниот империјалистички СССР, по распадот на СФРЈ, на Референдумот од 8 Септември 1991 година, огромното мнозинство од македонскиот народ се изјасни за самостојна и СУВЕРЕНА Македонија, со што Република Македонија си го поврати делот од суверенитетот што го имаше отстапено на централната, сојузна власт во Белград.

Создадовме своја извршна и законодавна власт, своја армија и своја валута – денар. Со тоа, Република Македонија стекна целосен политички, воен и монетарен суверенитет, како што доликува на една СУВЕРЕНА држава во која се вградиле копнежите, страдањата, борбите и саможртвите на генерации Македонци.

СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ – ПРВ ОБИД ЗА ЕВРОПСКА НАДДРЖАВА

Со Октомвриската револуција од 1917 година, која ционистите со возот со кој патуваше Ленин, преку Финска ја увезоа во тогашна царска Русија, после крвава братоубиствена војна, во која најѕверски беше ликвидирано и целокупното царско семејство, вклучително и невините дечиња, успеаја да го создадат Советскиот Сојуз. Притоа, целосно се инсталираа, дури ја приграбија целата власт, па во владата на Ленин, во 1920 година, од 22 члена, тројца биле Руси, двајца Ерменци и 17 Евреи. Започнува да живее Советската империја, со која, користејќи ја како моќно оружје, според Протоколите на Сионските мудреци, ционистите требаше да загосподарат со светот.

После втората светска војна, како империјална сила, Советскиот Сојуз беше на чекор до создавање некаква советска европска унија на целата територија на Европа, според моделот на Маркс за одумирање на државата, нацијата и семејството. Беше на чекор до создавање европски советски сојуз преку создавање комунистички влади (врз постулатите на марксизмот за владеење со светот од еден центар) во сите европски држави, а, со нивно членство и во заедничкиот воен сојуз – Варшавскиот пакт. Со тоа, сите европски, сега веќе комунистички држави, би пренеле огромен дел од својот политички суверенитет во седиштето на таквиот сојуз – Москва и, целосен воен суверенитет во седиштето на Варшавскиот пакт.

Функционираше и Коминтерната (Комунистичка Интернационала), како тело кое го претставуваше комунизмот пред остатокот од светот и, врховен арбитар во работењето на комунистичките држави, а цензурата, односно проверката на информациите и дозволата кои од нив да бидат дозволени, се раководеше од истиот центар. Со тоа, според нивната тогашна теорија, се спроведуваше атеистичка “диктатура на пролетеријатот“ (пролетеријатот како авангарда), со цел, меѓу другото,  да се уништи и православието и неговите вредности.

Процесот е прекинат со операцијата Гладио, преку која САД извршија државни удари во Италија и Грција за да го оневозможат формирањето комунистички влади и, атентати и убиства на комунистички лидери во останатите западноевропски држави, како превентива од можна  доминација и владеење со Европа од Москва, наместо од Вашингтон, што подоцна се пројавува како крајна цел.

ЕУ – СОВРЕМЕНИОТ СОВЕТСКИ СОЈУЗ

Во деведесеттите години од минатиот век, откако преку современиот американски комунизам – либерализмот, ционистите ги презедоа САД и ги промовираа во втора ционистичка држава после Израел, растурајќи го здравото американско општество, моќта на САД, според марксовиот модел на одумирање на државата, нацијата и семејството, ја користат за создавање современ Советски Сојуз – Европската Унија.

Па така, ЕУ е формирана според урнекот на СССР (според тој урнек и ќе се распадне), како наддржава на која сите држави членки, како на времето, на Москва, денес го пренесуваат својот политички суверенитет, на Брисел. Воениот суверенитет наместо на Варшавскиот пакт, му го пренесуваат на НАТО.

Таканаречената “меѓународна заедница“ која ја измислија за да се претстават себе си’ пред остатокот од светот, ја претставува современата Коминтерна, како врховен арбитар во работењето на либералните “демократски“ држави, додека различните “проверувачи на факти“ се неколку скалила поинтензивната цензура во споредба со периодот на ждановизмот. Па така, според нивната современа теорија, се спроведува атеистичка “диктатура на либералните елити“ (либералните елити како авангарда), повторно, со цел, меѓу другото, да се уништи православието и неговите вредности .

Само што, овојпат, стасаа чекор понатаму, па на државите членки им го одзедоа и монетарниот суверенитет и, тие, својот монетарен суверенитет, влегувајќи во некаква еврозона, го пренесуваат на Европската централна банка, прифаќајќи ја обврската да немаат своја валута, туку да го користат она што, според нејзини планови, ќе им го отпечати и дистрибуира.

ИЛИ ЕУ И НАТО, ИЛИ СУВЕРЕНА ДРЖАВА

И сега, накратко – Европската Унија како наддржава е формирана заради уништување на СУВЕРЕНИТЕ европски држави. Оттука, невозможно е, кој и да е, истовремено да се изјаснува за сопствена СУВЕРЕНА држава и за членство во моќната ЕУ, зашто едното целосно го исклучува другото.

Колку за пример, во деведесеттите години од минатиот век, тогашната југословенска република Хрватска во крвави војни се избори да го поврати својот суверенитет од сојузната власт во Белград и да стане целосно СУВЕРЕНА држава. Хрватскиот народ, со тоа, стекна политички суверенитет, а создавајќи своја армија и своја валута, куна, стекна и воен и монетарен суверенитет, на што, со право беше горд.

Денес, за нецели триесет години, хрватската држава повторно целосно го изгуби својот суверенитет – политичкиот и го отстапи на ЕУ, воениот на НАТО и, монетарниот на Централната европска банка.

За жал, тоа е иднината на сите сегашни и идни членки на ЕУ – под превезот на европска солидарност и некакви заеднички фондови, да се создава лажна слика за придобивките од членувањето, а, во суштина, да се зајакнува корумпираниот бирократски апарат на европската наддржава и неговата неограничена моќ.

Истовремено, се поттикнуваат војни на Блискиот исток заради миграции од милиони бегалци и, се инсистира сите земји членки да примат кај себе голем дел од нив. Се’ со цел да се промени демографската структура на европските држави и, да се растурат матичните народи во тие држави, за да не можат еден ден повторно да извојуваат враќање на СУВЕРЕНИТЕТОТ.

Оние кои безалтернативно, по цена на губење и на сопствениот идентитет, култура, историја и јазик, се залагаат за секакви отстапки кон секого, само час поскоро Македонија да стане членка на европската наддржава – современито Советски Сојуз, секако дека ќе го оправдаат тоа со своите најдобри намери. За жал, и патот до пеколот е поплочен со најдобри намери.

На крај, ќе повторам по којзнае кој пат – единствена перспектива за европските држави и народи е скорешен распад на ЕУ како современ Советски Сојуз и, создавање Сојуз на СУВЕРЕНИ европски држави од Лисабон до Владивосток, од Стокхолм до Анкара, прочистен од влијанието на Вашингтон. Сојуз во кој секоја Суверена држава, без уцени и барања од посилниот и веќе пристапениот, кој и да е, ќе пристапи со својата култура, традиции и вредности.

(авторот е претседател на МААК)