Страшо АНГЕЛОВСКИ

Додека сите здравомислечки луѓе во светот, во своите молитви посакуваат мир, здравје, среќа и напредок, либералните елити создадени врз ционистичкото учење на Маркс за уништување на традицијата, моралот, државата и семејството и, владеење со светот од еден центар, посакуваат војни, страдања, крв и солзи. За нив, човечкиот живот, макар бил на претседател или премиер, не вреди ништо, за нив мирот е само состојба меѓу две војни, за нив седум милијарди обични луѓе, секој со својата судбина, својата надеж, своите желби и планови, се тежина од која треба да се ослободат, за да остане простор за нив и нивната замислена “златна“ милијарда. За нив, крвта на жртвите е еликсир за среќа, а страдањата на невините едночинка во која уживаат. За нив, за жал, и можната нуклеарна апокалипса која може да го зафати светот, е само одлична можност да ги испробаат своите луксузни атомски засолништа.

ГОЛЕМИОТ ОРБАН И СИТНИТЕ КРВОЖЕДНИ ЛИБЕРАЛНИ ДУШИ

Можеби унгарскиот премиер Виктор Орбан е мал лидер на мала држава, но, покажа големина во своите сфаќања за иднината на човештвото, за иднината на светот. Тој, откако неговата држава, Унгарија, го презеде ротирачкото претседавање  со Советот на ЕУ во наредните шест месеци, ја започна својата меѓународна турнеја во потрага по мир. Ја започна со посета на Киев и обидот да внесе барем малку разум во главата на “куклата на мајстор Џепето“. Свесен дека разум треба во главата на кукларот, а не во главата на куклата што се придвижува, тој упати јасна порака за мир токму до кукларот чии раце го придвижуваат украинскиот крвав куклен театар.

Потоа ја посети Москва и разговараше со рускиот претседател како со човек кој после сите обиди да ги заштити националните интереси на сопствениот народ и држава од либералниот ѕвер кој се најде на нејзините граници, започна специјална воена операција за денацификација и демилитаризација на Украина, која за жал, на инсистирање на либералните елити и нивно оневозможување да се најде мирно решение, прерасна во вистинска војна. Војна која Орбан се обидува да ја прекине трагајќи по решение за мир.

На крајот, го посети Пекинг, сметајќи дека токму Кина, како една од трите светски велесили мора да има улога во изнаоѓањето мировно решение за Украина. И секаде говореше за мир, мир и мир. Говореше за иднина без крв и страдања.

Огромното мнозинство од светската јавност, оние обични секојдневни луѓе, ја разбраа и прифатија неговата иницијатива. Само придвижуваните кукли од ЕУ и НАТО, ситните либерални душички и, големиот куклар кој им ги придвижува конците, веднаш реагираа дека тој, Орбан, нема мандат за ова што го прави, дека само тие смеат да одлучуваат за војната и мирот, дека ќе и ги одземат на Унгарија сите политички ингеренции во нејзиното претседателствување со Советот на ЕУ и, ќе ја сведат на “англиска кралица“. Зашто, зборот МИР е отровна стрелка во нивните камени срца, а зборот ВОЈНА – музика за нивните богати “елитни“ либерални уши.

Либералните медиуми, инаку, единствен извор на информации во болшевизираната врз ждановистички принцип ЕУ, не само што не го прифатија неговиот обид за трагање по мирот, туку арогантно и со понижување го нарекоа “самопрогласена мировна мисија“. И ним, како и на придвижуваните кукли и големиот куклар, им пречи самата помисла за можен светски мир, зашто за нив, војната не е страдање и крв, туку извонредно профитабилен бизнис кој треба да трае и трае. Во Украина, во Газа, веќе утре, можеби, во Иран, во јужниот Пацифик…

ОД ЕРДОГАН, ПРЕКУ ШИНЗО АБЕ, РАИСИ И ФИЦО, ДО ТРАМП

Либералниот ѕвер, во потрага по крв, а во заштита на своите интереси, еве веќе со години наред посега и по животите на светски лидери, луѓе со сопствен став, луѓе кои не прифаќаат да бидат придвижувани кукли во куклениот театар на големиот куклар. Па, јавно, преку своите болшевичко едноумни медиуми, помогнати од цензура со досега невиден интензитет (“проверувачи на факти“ и забранување пристап до социјални мрежи за “неподобните“) на која и Сталин би им позавидел, повикуваат на отворен “линч“ на таквите светски лидери. Нивните медиуми ја отвораат ловната сезона и ловот на “неподобните“ може да почне.

Па, ќе се сетиме на, за среќа, неуспешниот обид за државен удар и убиство на турскиот претседател Ердоган затоа што не прифаќа во својата држава да ги воведе и развива либералните “вредности“. Не прифаќа да си ја уништи традицијата, моралот, семејството…

Ќе се сетиме и на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, кој, за жал, беше застрелан во атентат на митинг на неговата партија, а кој во своите заложби зацрта поголема соработка со Руската Федерација. Па, ќе се сетиме на иранскиот лидер Раиси, кој неодамна “загина“ во авионска несреќа, а преку своето учество во БРИКС беше жесток поборник на мултиполарниот свет и престанок на диктатурата на либералните елити.

До вчера, последен во таа низа, беше словачкиот премиер Роберт Фицо, кој се залагаше за прекин на војната во Украина, за неиспраќање оружје и странски војници на киевскиот режим, па беше застрелан со повеќе куршуми во градите. За среќа, го преживеа атентатот и, се’ уште неопоравен, а во врска со посетата на Орбан на рускиот претседател Путин, ја даде легендарната изјава: “И јас ќе одев со него во Москва, доколку здравствената состојба ми дозволуваше“.

И конечно, 14 јули, Батлер, Пенсилванија. Атентат врз поранешниот претседател и сегашен кандидат за нов претседател на САД, Доналд Трамп. За среќа, неуспешен, но со многу значење и симболика. Атентат кој потврдува дека либералниот ѕвер во својот очај од губењето на позициите, е подготвен на се’. На граѓанска војна во САД, на нуклеарна војна во Евроазија, на уништување на дел од човештвото, набљудувано од луксузните атомски засолништа.

ТРАМП – НОЌНА МОРА ЗА ЛИБЕРАЛНИОТ ЅВЕР

Но, да одиме по ред.

Зошто е Трамп најомразената личност кај либералната елита, нивните медиумски платеници и нивните хистерични холивудски “опинионмејкери“? Единствено заради неговата заложба “да ја направи Америка повторно голема (моќна)“.

Имено, токму САД се првата одвнатре уништена држава од страна на таканаречените либерали, чиј метод на владеење е изграден врз “Протоколите на сионските мудреци“, преточени во учењето на Карл Маркс. Бидејќи, за да можат да завладеат со светот, на либералните елити им беше потребно исклучително моќно оружје во рацете. Така, од крајот на шеесеттите години од минатиот век, па се до почетокот на деведесеттите, поранешните комунисти на Норман Томас, денешните либерали, работеа на уништувањето на традиционалните вредности во САД (кои, за среќа, опстанаа во “Америка за прелетување“, што би рекла Хилари Клинтон, односно во Америка меѓу двата брега, на која се потпира Трамп) и, откако ја разградија одвнатре, ја презедоа државата како оружје за освојување на светот. Каде со меки, обоени револуции, каде со тупаницата на НАТО. Со еден збор, ваквата, одвнатре уништена Америка, со инсталирани либерални “вредности“ и либерални “извршители, им е уште како потребна во нивната налудничава идеја за владеење со светот, зацртана во “Протоколите на сионските мудреци“.

Најголема закана за нивните планови претставува повторно моќна и здрава Америка, каква што ја најавува и се обидува да ја воспостави Трамп. И, доколку во првиот мандат, тој настапи како релативно “слободен стрелец“, сега, зад него стои “класичниот“ капитал, тешката индустрија, производство на стоки, со еден збор оној капитал кој создава вредности, обезбедува работни места и го полни буџетот на државата.

Од другата страна е “либералниот“ капитал, претставен претежно од банкарскиот, фармацевтскиот и воениот сектор, кои не создаваат нови вредности, туку само енормни богатства за нивните “либерални“ сопственици.

Тие се свесни дека “повторно моќната Америка“ повеќе нема да биде оружје во нивните раце, туку оружје во рацете на американскиот народ. Оружје во рацете на човештвото за спречување на либералното лудило кое води во најнепосакуван правец.

Затоа, се обидуваат на сите начини да се ослободат од заканата – Трамп, па дури и со обид за убиство.

Господ да го чува Трамп, Господ да ја чува вистинската Америка.

П. С. Грозоморни се обидите да се прикаже дека Трамп самиот го инсценирал атентатот, односно застанал на 200 метри од стрелецот за овој да го погоди во увото. Уште погрозоморни се желбите на болните умови, Виктор Орбан да биде следната мета на крвожедниот ѕвер.

(авторот е претседател на МААК)