Страшо АНГЕЛОВСКИ
Платените странски агенти, активисти на криминалната организација УСАИД и останатите “филантропски“ измамници и криминалци, лажно претставувајќи се како “независни аналитичари“, последниве денови се’ поотворено инсистираат дека Република Македонија мора да се определи меѓу САД и ЕУ. Притоа, оние кои беа подготвени “вените да ги пресечат“ за својот “стратешки партнер“ САД, запенавено не убедуваат дека треба целосно да се дистанцираме од САД и да се определиме за ЕУ, бидејќи “ние припаѓаме на Европа каде што, нели, и природно се наоѓаме“.
И нормално, после доаѓањето на Трамп на власт и неговите првични чекори во справување со либералните злосторници во САД, со системот на корупција кој, сведоци сме, како најтешка корозија го разјал американското општество и, неговиот обид да го урне овој злосторнички, корумпиран систем инсталиран во државите членки на ЕУ и НАТО и, посебно во најголемото корупциско дувло, европската наддржава ЕУ, за овие либерални, западнокомунистички платеници, токму тој и неговата администрација, претставуваат пречка за нашето натамошно партнерство со САД. Па, сведочиме на оркестрирани, одвратни напади кон институцијата претседател на САД и кон високи претставници на американската администрација.
Повеќе од јасно е дека нивната фрустрација доаѓа од катастрофалниот пораз што нивната елитистичколиберална, западнокомунистичка идеологија го доживеа од нормалната, народна, конзервативна идеологија на Трамп и, од паничниот страв дека “Трампизмот“ нив и нивната злосторничка идеологија ќе ги збрише како и никогаш да не постоеле.
Но, мојата намера не е да се занимавам со инфицираните мозочиња на странските платеници. Со нив нека се позанимаваат истражните и правосудните органи, како кон платеници, кои со странски пари и за странски интереси, работеле на штета на државата.
ИДЕОЛОШКА ВОЈНА ДО “ИСТРЕБУВАЊЕ“
За да биде јасно што се случува, мора да знаеме дека во моментов светот се наоѓа во најголемата идеолошка војна во последниве 80 години, војна која ќе се води до “истребување“, бидејќи, очигледно, за разлика од биполарниот светски поредок и “студената војна“, денес нема место на планетава за истовремено постоење на двете спротивставени идеологии. Војна која ќе доведе до воспоставување на новиот светски мултиполарен поредок, на што, трескавично се спротивставува досега владеачката, униполарна, корумпирана, либерална, западнокомунистичка идеологија и нејзините платеници ширум светот.
Двете Резолуции, речиси целосно спротивставени во својата содржина, поднесени, едната од САД, другата од ЕУ и, обете усвоени во Генералното Собрание на ОН, јасно говорат за непомирливоста на системот на нормалното мнозинство, заснован на волјата на гласачите, кој сака да го воспостави Трамп и, системот на западнокомунистички апартхејд на либералните елити, заснован на корупција од невидени размери, кој го практикува ЕУ.
Значи, од едната страна се наоѓаат либералните западни комунисти и нивните скапо платени проекти:
– ЕУ како наддржава е либерален проект воспоставен во 1993 година на местото на дотогашната Европска Заедница, при што “се преземаат мноштво промени во институционалниот сектор и во поглед на вклучените политички области, кои собрани заедно носат трајна НАДНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА“;
– Проширувањето на НАТО до границите со Руската Федерација е либерален проект започнат после обединувањето на Германија;
– Либералното христијанство (сведоци сме дека римокатолицизмот ги оправдува и склучува истополовите бракови) и, либералниот ислам (муслиманите од Балканот кои бегаат од своите исламистички традиции заради потребите на либералните газди, а кои се наречени “бриселски муслимани“) се најодвратниот либерален проект;
– Мајданска Украина под диктат на Викторија Нуланд, создадена како нацистичка творба, заради користење на украинската територија и, што е најжално, украинскиот народ, како оружје за нанесување “стратегиски пораз“ на Руската Федерација, нејзино распарчување и користење на нејзините ресурси, претставува подмолен либерален проект;
– Обединета Германија, која и на последниве парламентарни избори се покажа како политички и идеолошки непомирлива во својот источен и западен дел, претставува либерален проект;
– Десетиците војни, почнувајќи од оние на просторите на поранешна Југославија, преку Ирак, Авганистан, Сирија, Либија, Палестина.. вклучително и онаа во Украина, се крвави либерални проекти;
– Насилната миграција со цел да се смени демографскиот карактер на Европа и, да се урнат нејзините христијански темели врз кои е изградена европската цивилизација, за да се замени со либерална постхристијанска мултикултуралност, претставува геноциден либерален проект;
– Конечно, Охридскиот и Преспанскиот договор, како и “францускиот“ предлог за решавање на спорот со нашиот источен сосед, претставуваат најантицивилизациски проекти на одвратниот либерален ум.
Од другата страна се наоѓа конзервативната идеологија на традицијата, верата и семејството, идеологија на нормалното мнозинство на човештвото, идеологија на мирот и соработката. Идеологија која се стреми да го врати светот на Вестфалските принципи на суверени нации-држави. Победата на оваа идеологија на нормалноста и поразот на либералната злосторничко коруптивна абнормалност, ќе предизвика и пораз на либералните проекти – пораз на ЕУ и НАТО, пораз на мајданската нацистичка творба, пораз на либералното христијанство и ислам, пораз на насилно планираните миграции…
За нас посебно значајно ќе биде да ги поразиме Охридскиот и Преспанскиот договор и “францускиот“ предлог, како либерални антицивилизациски проекти, а, за светот можеби најинтересно ќе биде да следи дали ќе биде поразен проектот за обединета Германија и, дали ќе дојде до нејзина повторна поделба. Ова, посебно, бидејќи “големата коалиција“ меѓу ЦДУ и СДП е либерален проект за да се оневозможи промена на власта во државата, што е јасно изразена волја на нејзините граѓани.
НАМЕСТО НАТО И ЕУ – АУКУС И ЈУГОИСТОЧНА АЗИЈА
Накратко, зошто Трамп и неговата администрација се откажуваат од НАТО и ЕУ.
Покрај идеолошката разлика, многу поважно е што Трамп процени дека НАТО, создадено за “одбрана од Советскиот Сојуз и држење на Германија под контрола“, веќе е непотребно за американските интереси и дека европските држави и Руската Федерација треба да ја договорат идната евроазиска безбедносна архитектура. Бидејќи за САД, во моментов, најголема економска и воена закана, според Трамп, доаѓа од Кина, администрацијата на САД ќе се посвети на зајакнување на АУКУС (AUUKUS – Australia, United Kingdom, United States), засилени со Јапонија и Јужна Кореја, заради доминација во Јужниот Пацифик.
Истовремено, свесен дека пазарот на економски немоќната ЕУ, со приближно 500 милиони жители, станува неинтересен за американското стопанство, Трамп, како и во случајот со воениот интерес, и економскиот интерес го насочува кон Југоисточна Азија и Индија, кон пазарите со повеќе од две милијарди жители и со брзорастечки економии. Кон пазарите, кои под притисок на неразумните санкции, можеби и несакајќи, Руската Федерација веќе ги освојува.
И, доколку час поскоро не се воспостави мултиполарниот поредок и не се формира еден вид “светски концерт“ по урнекот на “европскиот концерт“, кој на целиот европски деветнаесетти век, се до почетокот на Првата светска војна, му донесе стогодишен мир, можеби многу скоро ќе бидеме сведоци на “војна“ за Југоисточна Азија, налик на онаа досегашната за Европа.
(авторот е претседател на МААК)