Страшо АНГЕЛОВСКИ
Многумина, деновиве, анализираат и предвидуваат што ќе се случува после инаугурацијата на Доналд Трамп, што ќе се случува во Украина, во Сирија, во светот… Согледувајќи ги приоритетите и потребите на САД под водство на Трамп и, Руската Федерација под водство на Путин, во текстов ќе ги изнесам своите согледувања.
За жал, еден од најважните услови за да се остварат моите предвидувања е, до тогаш, лудите либерални марксисти, кои, како Нерон, свират на харфа и подметнуваат пожари, да не го запалат целосно светот. Зашто, поранешниот израелски министер Бени Ганц ја повика израелската влада “да ги регрутира САД за удар врз Иран“, што би бил оган што тешко ќе се изгаси. Истовремено, САД ги повика своите граѓани да ја напуштат Белорусија, што може да значи дека планираат да го навлечат комедијантот од Киев да ја нападне Белорусија, што би бил оган што дефинитивно ќе го запали целиот свет.
СИРИЈА
Основен приоритет на САД, во моментов, а со кој се согласува Руската Федерација, е нивно постојано присуство на Блискиот исток, посебно откако традиционалните сојузници, како Саудијска Арабија, на пример, им свртеа грб. Па така, во најголемиот дел од Сирија ќе се формира проамериканска влада, преку која САД ќе биде присутен и ќе го контролира регионот. Притоа, ќе го контролира и гасоводот кој од Катар, преку Саудијска Арабија, Сирија и Турција ќе води до Европа. Таа и таква Сирија, со јака проамериканска влада, ќе претставува и тампон зона меѓу Израел, како американска одговорност и, Иран, како руска одговорност. Еден дел од Сирија ќе контролира Турција, како награда од обајцата свои пријатели, САД и Русија, при што Русија ќе ја задржи својата поморска база во Тартус, а Турција ќе прекине со вооружување на Косово и Албанија.
Притоа, најголеми жртви ќе бидат Курдите во делот од Сирија кој ќе го контролира Турција и, за жал, Палестинците во Газа кои не се наоѓаат во ниту едно решение за иднината на регионот.
УКРАИНА
Со години наназад пишувам дека со инсталирањето на двајца комедијанти на власт, две држави во Европа станаа нефункционални – Македонија со Заев и, Украина со Зеленски. Македонија, за жал, во времето на владеење на комедијантот Заев стана целосно нефункционална држава, но, за среќа, со промена на власта, започна да ја враќа својата функционалност.
Украина, заради водството на комедијантот Зеленски, инсталиран од либералните марксисти, веќе е толку нефункционална што најверојатно нема да постои во формата во која постоеше. Па, бидејќи основен приоритет на Руската Федерација, а со кој се согласуваат САД, е безбедноста на нејзините западни граници, Украина, за жал, ќе биде поделена. Четирите региони кои референдумски се отцепија од Украина и станаа уставен дел на Руската Федерација, ќе останат во нејзин состав. Остатокот од Украина ќе функционира како Германија од 1945 година до денес, Германија – независна држава со 74 американски воени бази. Украина ќе биде независна држава со, на пример, 32 руски воени бази.
ЕВРОПСКИТЕ ДРЖАВИ И ЕУ
Бидејќи Трамп и Путин делат заеднички вредности – семејството, верата и нацијата, токму во Европските држави и ЕУ ги препознаа своите заеднички непријатели – невладините организации како уништувачи токму на овие вредности; инсталираните либерално марксистички влади во европските држави и; конечно, ЕУ, како либерално марксистичка наддржавна инсталација.
И, можеби изгледа чудно, но токму против нив, Трамп и Путин ќе водат заедничка битка. После падот на либералните влади во двете најголеми европски држави, Германија и Франција, таквите инсталирани влади, како плочки од домино, ќе почнат да паѓаат во сите европски држави. Во наредните две години на европските народи ќе им се врати можноста во нивните држави да владеат оние кои тие ги избрале, оние кои ќе работат во нивните интереси, а не марксистичките инсталации кои работат за корпоративните интереси. Влади избрани од народите за да се борат за мир и просперитет, а не постојани војни и крвопролевања.
Нормално, после тоа, како кула од карти ќе биде урната најкорумпираната инсталација во историјата на човештвото, ЕУ, како европска наддржава и, слободните народи, преку своите суверени држави ќе формираат европски сојуз на суверени држави, како предуслов за создавање нова безбедносна архитектура.
Во рамките на ова, колку и да звучи невозможно, постои веројатност токму САД да го купат гасоводот Северен тек, па, Трмп и Путин заеднички да им го продаваат гасот на европските држави.
ЕКОНОМСКИТЕ ВОЈНИ
Во позадина на сето ова, нормално е дека ќе се одвиваат економските војни кои Трамп ги најавува, но тоа се војни во кои не се користи оружје за убивање, туку економски мерки. Оној кој нема да биде подготвен да ја развива својата економија и технолошки развој, многу лесно може да биде жртва. Ова се однесува на големите светски сили. Малите држави како Македонија, ќе мораат, доколку сакаат да преживеат, да излезат од зоната на безалтернативност и да бидат подготвени да соработуваат со секого, а во сопствен интерес. Всушност, тоа е и основна придобивка на стекнатиот суверенитет.
За крај, сето ова е остварливо доколку Трамп и Путин го победат заедничкиот непријател, најголемото зло со кое човештвото се соочило – либералниот марксизам како обид на еден подземен центар да владее со светот.
(авторот е претседател на МААК)