Страшо АНГЕЛОВСКИ

Насловот на текстов е позајмен од насловот на една грандиозна двотомна книга, објавена пред точно 100 години, напишана од Освалд Шпенглер, а која го носи истиот наслов – “Залезот на западот“. Во неа, Шпенглер ќе запише:

“…Има култури кои се расцветуваат и кои стареат, народи, јазици, вистини, богови, пејзажи, како што има и млади и стари дабови и борови, цвеќе, гранки и лисје. Но, нема човештво кое старее. Секоја култура има свои можности на изразување кои се појавуваат, созреваат, овенуваат и никогаш повеќе не се враќаат… Јас во светската историја гледам слика на вечно обликување и преобразување, чудесно настанување и исчезнување на органски форми…

Со оваа книга, Шпенглер ја најави неминовноста од умирање на Западот како култура која полека венее, па, залезот на Западот е, всушност, токму денешниот залез на западната, таканаречена либерална демократија. Залез на демократијата уништена од новиот комунизам, либерализмот. Либерализмот, кој како марксистичко учење, ја разјаде во целост левата идеолошка матрица на социјалдемократијата, како носител на демократските процеси, но и десната идеолошка матрица на конзерватизмот, како коректор на таа иста демократија.

За либерализмот, уште пред повеќе од 90 години, Артур Мелер ван ден Брук, германски историчар, во својата книга “Социјализмот и надворешната политика“ напишал “…Либерализмот е филозофија на животот од која германската младина бега со одвратност… Германската младина денес го препознава либералот како врвен непријател.“

СОКРАТ И ДЕМОКРАТИЈАТА

Во 399 година п.н.е. кога Сократ веќе бил старец, тројца граѓани – Мелет, Анит и Ликон – покренале обвинение против него. Бил обвинет како закана за општеството. Првото обвинение било дека шири ерес, односно, неверување во боговите, а второто, дека тој ја расипал младината со своите учења, односно за начинот на кој Сократ влијаел врз нивните политички ставови, бидејќи во неговиот круг биле вклучени голем број десничарски аристократи, (Ова е прв подмолен обид на “либералите“ да го замолкнат слободниот збор и да ја убијат слободната мисла).

Била формирана порота од 500 граѓани на Атина и, со 52 наспроти 48 проценти од поротниците, Сократ бил осуден на смрт, па морал да испие отров и да го заврши својот живот.

Еве што тој, големиот Сократ, говорел за демократијата:

“Демократијата мора да пропадне  затоа што ќе се обиде да им одговара на сите.

Сиромавите ќе го посакаат имотот на богатите, а демократијата тоа ќе им го даде; младите ќе посакаат да бидат уважувани како возрасните, жените ќе сакаат да бидат како мажите, туѓинците ќе ги сакаат правата на староседелците, а демократијата тоа ќе им го даде; крадците и измамниците ќе посакаат државни функции, а демократијата тоа ќе им го даде;

А кога крадците и измамниците конечно ќе ја преземат власта, бидејќи криминалците и злосторниците тежнеат кон моќ, ќе настане тиранија полоша од која и да е монархија или олигархија.“

Со ова, пред 2.400 години Сократ ја предвидел насоката на движење на либералната демократија, но и нејзината се’ поизвесна смрт, токму заради неодржливоста на безбожните, антицивилизациски стремежи кои, диктаторски, како единствена опција, последниве триесеттина години се обидува да ги наметне на целокупното човештво.

ЏЕФРИ ЕПШТАЈН И ДЕМОКРАТИЈАТА

Најдиректен повод за текстов со осврт на “залезот на западот“ е списокот на политичари кои на островот Литл Сент Џејмс, како дел од Девствените острови, кој локалните жители го нарекуваат и “остров на оргии“, учествувале во одвратните педофилски сеанси кои таму се одржувале. Сопственикот на островот, американскиот милијардер Џефри Епштајн, таму организирал педофилски оргии со 14-годишни девојки, а, она што е повеќе од грозоморно е што на списокот на луѓе кои биле присутни, меѓу другите, се наоѓаат и поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел, поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари, сенаторот Берни Сандерс, актуелниот американски претседател и можен кандидат за нов претседателски мандат Џо Бајден, канадскиот премиер Џастин Трудо и неговата сопруга Софи, принцот Чарлс… Меѓу другите и редица познати лица од шоу бизнисот, глумци, пејачи, уметници, учесници на сите настани и најгласни поддржувачи на демократстата партија и нејзините “либерални“ политики.

Сите до еден, истакнати, горливи наметнувачи на “либералните вредности“; промотори на западната либерална демократија како најголем противник на државата, нацијата, семејството и верата; подбуцнувачи и изведувачи на воени агресии на различни точки на земјината топка, како оние на СР Југославија, Авганистан, Ирак, Либија, Сирија, па се’ до актуелните во Украина и Палестина; ариевски промотори на “колективниот запад“ како елитен цивилизациски клуб наспроти остатокот од светот и, заговорници на теоријата за “златна милијарда“, според која, една милијарда луѓе, онаа на која тие припаѓаат, е доволна бројка жители за планетата земја, а остатокот треба да биде ликвидиран на најразлични начини – со војни, епидемии, глад…

Токму затоа, треба да не радува што сме сведоци на “залезот на западот“, односно на залезот на ваквата декадентна, неморална, нечовечка, антицивилизациска “демократија на либерални вредности“. Колку побрзо се случи, толку поголеми шанси за опстанок на човештвото.

И, да не заборавиме, за навек сонцето изгревало и ќе изгрева на исток и, заоѓало и ќе заоѓа на запад. Токму затоа, залезот секогаш бил и ќе биде природен крај на еден циклус.

(авторот е претседател на МААК)