Дарко ЈАНЕВСКИ
Ете, се воскрена возбудено од Португалката и младо и старо, и комуњари и вмровци, и бањати и небањати, и шарени и полушарени, и сдсмовските загари, и меките бабулиња кои оклештени седеа по ручеци со Заев, а сега станаа комити, ни фали уште Владе Милчин навистина да ја земе пушката и да отиде во партизани со истетовирано комитско лавче на челото, придружен со општа екстаза меѓу небањатите…
А Португалката не направила ништо што не го мислат нашите сакани сојузници – рекла жената дека нашиот јазик бил бугарски. Всушност, она направила нешто повеќе – го кажала тоа што овие другиве го премолчуваат, ама го буткаат веќе 30 години. Женава барем и на „неверниците“ им ги отвори очите. Како и да е, Прличев би рекол, сега „пискотници се слушаат…“
Дотолку што вчера-завчера се јави и папата Бранко, истиот човек што го востоличи Заев. И кој не кажа ништо кога истиот Заев со криминал беше донесен на власт за да го направи токму тоа што го направи, а што денес како наводен „историски факт“ ни го соопштува бирократкава. А таа, рака на срце, не се разликува од било кој друг европски бирократ, кој разбира колку што разбира, а тоа не е повеќе од тоа што го разбираат нашите профитерски типови како Димитров, Царовска, Шеќеринска, Заев…, бирократ кому сега во кариерата зината за функции и пари, му се мешаат таму некои типови од некоја Северна на кои главното оружје им е да се сликаат по ФБ, а кои доаѓаат од некоја земја која дозволи името да и го сменат. И навистина, ако тие луѓе дозволија името да им го сменат, а тоа, во нашиот специфичен случај, по автоматизам, само по себе повлекува јазик и идентитет, што пак сега се бунат?
Пред десетина години, таму уште во 2009/10 година, напишав дека ако прифатиме „ерга омнес“ со Грците и се откажеме од нашето сфаќање на историјата до седмиот век (а, тоа откажување беше модерно, шемаџиски, нели, посебно за скопските празноглавци и нивните експоненти од сферата на загарството, а чија реа се меша со скапите парфеми, наспроти античкиот сељачизам на засмрдената сељачана), тогаш, следствено на тоа, Бугарите ќе ни го земат период од седми век до 1944 годиа и на ова парче земја ќе добиеме една недефинирана маса која се нарекува „македонски народ“, а која своевремено Србинот Јован Цвијиќ ја дефинира како „тесто кое може да се меси“.
Бидејќи времето по 1944 година е врзано за комунизмот, а последиците од него треба да се избришат (постои некаква Резолуција на Советот на Европа за тоа, прашање кое посебно го апострофира нашиот емигрант Јордан Петровски), тоа значи дека следствено на губењето на периодот од антиката до 1944 година, го губиме и АСНОМ (не случајно во Преамбулата АСНОМ го сведовме на проглас, што со денешен речник кажано значи дека го сведовме на соопштение) и го бришеме членот 1 од Уставот на НР Македонија од јануари 1946 година според кој Македонија е конституирана како „држава на македонскиот народ и националностите“.
Кога и тоа се брише од историскиот контекст кој само покажуваше како македонскиот народ, кој има своја претходна историја, ја формирал државата, тогаш не останува ништо друго освен денешните Албанци да побараат второ редефинирање на државата, нов историски договор меѓу нив и недефинираниот народ кој сега странците го именуваат како „северномакедонски“.
Првиот дел од тој нов историски договор веќе ни е испорачан со Тиранската платформа од 2017 година и двојазичноста која и формално ја федерализира држава, како прв чекор кон нејзиното распаѓање и поделба на територијата што ја контролира недефинираниот народ со бугарска историја, од територијата што ја контролира албанскиот народ. .
Така што, тоа е целината и таа целина беше јасна и видлива многу одамна. И тоа веднаш по истекот на оние неколку месеци од Букурешт 2008 година, а посебно од 2009 година. Немаше ништо спектакуларно тајно во сето тоа. Картите беа на маса, отворени.
А тој што ова не го видел, не можел да го разбере, тој за кого се’ова било во главите на „небањатите“, па му требала 2021 година за да сфати… или има мозок врзан во крпче, па сега го одврзал крпчето или денес глуми патриотизам, откако стана јасно дека сепак, Германија и Фрација нема да дозволат Македонија и Албанија да влезат во ЕУ, па макар уште утре добиле нов, четврти по ред датум и задутре почнале преговори со ЕУ.
Така што, сегашата врева на тие што се правеа на удрени, тие кои ја поддржаа обоената револуција во Македонија за инсталирање на оваа предавничка власт (а тука најмалку мислам на обичниот, просечен граѓанин), тие кои уста не отворија кога се потпишуваа договорите… всушност е знак дека добиле дозвола малку да се бунтуваат, за да ја покријат вистинската причина заради која немаме датум. И да ја преземат и држат „тезгата“ од тие кои сепак се опасност за проектот за обезличување на Македонците.
И кога сето тоа е така, не знам зошто толкава омраза кон Бугарите, додека чекаме на Богородица со ставена налепница на старите регистарски таблички, спремни да кажеме и да потпишеме дека сме од коси црти од North и со испружена рака уште од Гевгелија во која ја држиме вакциналната потврда. Па, Бугарите не бараат ништо друго од тоа за што никој и денес уста не отвора – а тоа е дека за сето тоа, ние веќе се согласивме во договорот со Грците. Дали таму им го отстапивме терминот „македонски“? Им го отстапивме. Дали денес сме три коси црти? Сме. Дали дури ни во фудбал не смееме да бидеме „македонски“ фудбалери? Не смееме. Дали се откажавме од дел од историјата? Да! Дали сега Бугарите бараат нешто повеќе од тоа? Не! Дали го сменивме името? Да! Дали ќе ги смениме учебниците за периодот до 7 век? Ќе ги смениме. Е, па што бараме сега!
Впрочем, кој уште нормален може да смета дека со политички договор да формираш историски комисии кои, како што вели Заев – „ќе им ја предочат историската вистина на нашите деца“ – е само по себе нормално. Прво, затоа што е од онаа страна на разумот е да се креира нешто што би било „историска вистина“ на ниво на „апсолутна вистина“.
И второ, затоа што е од онаа страна на нормалното кога тоа се прави со политички договор кој создава обврзувачки дејствија врз една држава. Ако бевме во средниот век, Заев и Борисов, Заев и Ципрас, ќе формираа комисии од лекари кои ќе утврдеа дека Ковид се лечи со вадење крв со пијавици. И тоа ќе беше „апсолутна вистина“. Какви сме, ќе го ставевме тоа и во Устав, а Царовска ќе напишеше учебници во кои се што е спротивно на тоа ќе беше лажна вест која првоодделенците треба да ја препознаат. Е сега, да им кажеш на луѓето од тоа време дека е тоа глупост, е исто како кога и на денешниве им кажуваш дека историските комисии се исти такви апсолутни пијавици од средниот век. Ќе те гледаат бледо. И после ќе отрчаат својат недостаток на сиви клетки да го покријат со некое грантче за слобода на… за слобода на било што.
Арно ама, ете во тој контекст влезе и јазикот. Бугарите не велат дека сега не смееме нашиот јазик да го идентификуваме јаизкот како македонски. Тие бараат тоа го констатира комисијата во историски контекст. Така влегуваме во затворениот круг. Грците велат дека терминот „макеоднски“ е резервиран за нив, а за другото велат да видиме со Бугарите. Бугарите велат дека сега можеме да се викаме како сакаме, ама дека историски сме одродени Бугари, а таков ни е и јазикот. Ама кога ние сега ќе кажеме „македонски“, пак се јавуваат на сцена Грците. Додуше за репрезентацијата во фудбал, ама приципот е ист. Другото се нијанси.
Така што, тезата дека Бугарите ни го крадат јазикот е грешна, бидејќи е во еднина. Има повеќемина кои ни го крадат јазикот (вистина, Бугарите се истакнаа како ороводци во тоа и тоа треба да се болдира како нивна кој знае која по ред историска грешка во однос на Македонија), само што ние имаме дозвола да врескаме против еден од тие повеќемина. Освен претседателот на МАНУ, да е жив и здрав, кој очигледно не бара дозволи.
Кое би било чарето? Па за почеток би можеле да констатираме дека решавањето на идентитет на еден народ со политички договор е глупост. Невидена .Дека нема шо некој европски бирократ да ни кажува кој бил коренот на нашиот јазик. И дека исто таква глупост е историски комисии да решаваат современи политички прашања. На пример, дали да бидеме членка на ЕУ. Каква врска има тоа со Самоил и што пишува во нашите учебници за тоа – прашање за кое може да се дискутира на научни конференции – е најблаго кажано, што би рекле Американците „gain of research function“ или земање на вирус од природата и создавање нов вештачки вирус кој од Вухан не стигна до Пекинг, ама стигна до Европа.