Дарко ЈАНЕВСКИ
(текстот е преземен од ФБ профилот на авторот и не ги одразува нужно ставовите на Денешен.мк)

Две лоши вести за македонските шарени. Вести од кои им се крева притисокот, им врие желудникот, им ги стресува нозете и рацете, па мора да им даваме вода со коцка шеќер, ама ајде, наши се, па што да им правиш.

Едната е дека Трамп и Путин ќе се сретнат во Будимпешта за го договорат мирот во Украина. Молам? Кај Орбан кој шарените во Македонија го забрануваа? По ѓаволите! А зошто не отидоа кај некој фин западњак каде ќе зборуваат за убавите времиња на Бајден, на Нуланд, за времињата на Фаучи чиј ремдесевир од 2000 долари го даваа пред да умреш, наместо ивермектин од шест долари додека си жив и додека е рано, па ако сакате и за нашиот „миленик“ Бејли? Нели?

Наместо тоа, тие го одбраа клетникот Орбан кој не сака мигранти, кој смета дека бракот е заедница на мажи и жена и никако поинаку, кој смета дека кај луѓето има само два пола и дека машките се машки, а женските се женски… всушност долга е листата поради која Орбан е „клет“ човек за нашите шарени.

Па така, во групата клетници каков што е Путин, и на која одамна е и Орбан, сега дефинитивно се нареди и Трамп кој во Египет рече: „Виктор е фантастичен, стоиме зад него 100 отсто, многумина не мислат така, но се важи тоа што јас го мислам, а не тие“. Фино кажано. Колку да се знае кој екој!

Со други зборови, што би рекле Американците, на неговите шарени Трамп им порача „fu*k off“.

Е, тој Трамп сега ќе оди на убавиот син Дунав, додуше не на оној во Виена за кој компонираше Штраус, туку малку подолу по течението – во Будимпешта, ама, тоа е тоа. Што би рекле некогашните „Надреалисти: „Ова е тажна приказна за кучката и седумте мали кученца.“

Втората таговна вест за „северните“ ни шарени е дека републиканците во Вашингтон го одбија барањето на демократите да одвојат 3,9 милиони долари за ЛГБТ проекти во Западен Балкан, од што секако ќе се офајдеа разни ликови (машки ли се, женски ли се, не знам) како Мила Царовска и слични. И внимавајте, тоа како услов за да го одблокираат финансирањето на американската влада. Значи илјадници Американци нема да можат да земат плата, ако македонските, српските и другите слични Царовски не добијат 3,9 милиони долари. Мери им го умот!

Се разбира, тоа не е единствениот услов на демократите, има и други, како тој, да се доделат 500 милиони долари за бесплатна медицинска помош на илегалните имигранти, но тој дел нас не’ не засега, па нема потреба ни да го споменувам.

Така што, овие денови не се баш убави за нашите шарени, но овие денови всушност покажуваат дека битката против нив всушност се води во Вашингтон, во Будимпешта и слични други „непрокопсани“ места. И во Скопје, се разбира, но ако бидат дотолчени во Вашингтон, приказната ќе им биде завршена и овде.

Следната интересна работа за нас е дека стигнало некакво си мислење од Венецијанската комисија за двата најавени закони за Советот на јавни обвинители и за Судскиот совет. И со мислењето, Венецијанската комисија не бара расчистување на судско-обвинителската мафија во Македонија, расчистување со оние 5-10 отсто од обвинителите и судиите кои го корумпираат целиот правосуден систем, туку бара зајакнување, засилување на позицијата на судско-обвинителските мафиози, така што елиминира било каква можност за посериозна контрола врз нивната работа. Тотално и апсолутно неприфатливо и неприменливо за нас, но ајде да видиме што од тоа ќе се изроди.

А токму во овие денови, во деновите на тоа славно мислење на Венецијанската комисија, во јавноста се појави веста, нека ми биде простено што не се сеќавам во кој медиум, дека по десет години, значи по цели десет години е решен случајот со смртта на родилката Кадиева и нејзиното бебе. Инаку, случајот, според изнесеното, застарува за една недела. А таа недела веќе е помината. Е, сега, од нас се бара, таа позиција на ова судство, не да се отстрани, туку да се зацврсти. Не да се разруши и да се воспостави систем кој ќе биде во служба на граѓаните, туку да се зацврсти системот кој си фунционира сам за себе, со тоа што од нас се бара великодушно тој самостоен систем врз кој никој нема контрола, во кој функционираат шемите за лично богатење, да го плаќаме со 300 000 денари месечна плата на обвинителите и судиите.

Патем, кога сум кај обвинителите, пред десетина дена во Сенатот на САД беше сослушувана американската државна обвинителка Памела Бонди. Тука и таму, „шарените“ демократи ја притиснаа, но неколкумина од нив, таа едноставно ги употреби како средство за светнување на нејзините чевли. Ги построи, ја изложи нивната корумпираност (по секретарот за здравство, Кенеди, кој ги обвини демократските сенатори дека примаат милиони долари од нивната т.н. „Биг фарма“, таа е вториот функционер кој в лице, на сенаторите им кажуваше кој, како и колку е корумпиран, и тоа од главата до петиците по ширина и должина и до коскената срж во длабочина, како во случаите со сенаторите Шиф, Блументал и веќе не се сеќавам кој се’ се најде пред нејзиниот стрелачки вод.

Така што, би замолил, ако науката има таква можност, да ја клонираме жената во десетина и стотини примероци и да ја донесеме тука како замена за Коцевски и неговата тајфа која ни ја инсталираа Бејли, Гарет, онаа Германката чие име го заборавив, заедно со другите нивни тогашни потрчковци, меѓу кои видно место зазема Заев, кој, благодарам на прашањето, се уште е на слобода. Бонди едноставно ја компонираше новата американска „Расподија во сино“, која, камо среќа да ја слушаме и ние, наместо турбо фолкот од Цеца на Коцевски и компанијата.

Нешто потешко му беше на директорот на ФБИ, Кеш Пател, но богами, и тој Тајсоновски се бореше. Прими и по некој удар, посериозен од тие што беа упатени кон Бонди, но и тој всушност во таа расправа ја изложи суштината на тамошната длабока држава чиј одраз го имаме и кај нас. Дали ќе успеат до крај? Не знам. Ама знам дека ние овде мораме!

Деновиве се сретнав и со еден господин од друга земја, сериозен и до крајни граници наш пријател, разговаравме добри два часа и тој ми вели дека во неговата земја сега се инсистира на тоа дека при апсењето на мафијашите, тоа се пласира како ударна вест во тамошните медиуми. Зашто, вели, дојдовме во ситуација кога децата ни се угледуваат на тие мафијаши, кога тие им стануваат пример за тоа какви треба да бидат во животот. Го гледаат нивното богатство, нивните автомобили од по неколку стотини илјади евра, наспроти „југовците“ стари 30 години на нивните родители и, нормално, сакаат да тргнат по тој пат. Па наместо да се учат да бидат чесни и работливи, тие за пример ги земаат оние криминалци кои ни го загрозуваат животот, но и оние кои некогаш, во кривичното право беа означени како криминалци со „бели крагњи“. Тоа не се дилерите на дрога, не се убијците, не се типови како Аркан. Не, тоа се угледните господа кои на светско ниво, а посебно кај нас го носат квалификативот „олигарси“. Таму, во таа земја, се инсистира на симнување на нивниот ореол како пример за тоа по кој пат треба да тргнат децата. Време е, со тоа да се почне и кај нас.

А за да се почне, ни треба да си поставиме наша Бонди. Во Скопје, во Битола, во Тетово, во Штип…. и да не ги редам сега сите градоци низ „Севернава“ ни шегобијност.

За овој ден пред изборниот молк – толку. Има уште многу што да се каже, но ајде, со Господ напред – од понеделник.