Влатко Ѓорчев загуби на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Нe дека не знaеше, ама човекот играше и загуби. И наместо да се лути и да мрчи, првото нешто што го кажа е дека од понедeлник тргнуваат заедно во победа, сплотени.
Од друга страна, некој си Ивица Коневски порача дека Мицкоски требало да си даде оставка ако Силјановска загубела на изборите. Кој е Ивица Коневски? Ако не беа Груевски и неговата десна рака да му ја дадат една од најголемите општини во Македонија – никој и ништо. Груевски, односно ВМРО-ДПМНЕ, на наша сметка, на таквите им даде службени автомобили, возачи, пари, бизниси, ги научија што се тоа костуми, им дадоа да бркнат по некоја женска, ги научија дека девојки и отвор од испразнето пластично шише од јогурт не се исто, ги научија дека виљушката се држи во лева, а ножот во десна рака… тоа ВМРО, со наши пари, направи луѓе од нив. Таквите, пред тоа, пред стотици илјади луѓе да тргнат по истото тоа ВМРО-ДПМНЕ, беа ништо, нула, зеро, беа луѓе кои уште мислеа дека во телевизорот одзади има скриено човек, ама нејасно им беше каде се крие во радиото. Ако е мало.
И сега тој, и таквите, нашол да кажува што треба да прави Мицкоски ако загуби на изборите. Можеше и Ѓорчев тоа да го направи. Ама не го направи. А Коневски, кој од аеродромската фотелја беше исшутиран од некој си комуњар викан Марин, ист како и него – никој и ништо пред половина свет да тргне во рушење на Груевски, најде да кажува. Да дели политички лекции. Иако тој не е име и презиме, туку екс градоначалник на ВМРО. Кој можел да прави што сака зашто имало локомотива која ги влечела таквите вагони како него. И, на секои избори, плус – минус, имало уште по најмалку половина милиони луѓе кои ја граделе таа пруга по која влечела локомотива. И, сега, кога по колапсот на тоа ВМРО треба да се сокрие и да молчи, зашто упропастија маса луѓе која стоеше зад нив и јадеше леб и сол додека тие ги полнеа нивните аристократски мешиња со бизони, а службените картички им ги крстосуваа европските метролопи (вмровската Прада беше тоа?) тој уште зборува.
А, од предавството на последните локални избори кога тој, некој си Коневски загуби од некој си Марин, не настрада ВМРО-ДПМНЕ, туку настрада Македонија. И додека *урињата од ВМРО-ДПМНЕ сега уште си ги вртат бројаниците што во тоа време ги „спечалија“ на наш грб, а демек со „крв, пот и солзи“, патем, додека во исто време илјадници и стотици илјадници луѓе живееја со 15-тина илјади денари, но и со верба во тоа ВМРО кое ги седна нивните задничиња во меките фотељи, истите тие илјадници и стотици илјадници добиваат лекции. По политика. Од губитник.
А во суштина, не станува збор за ВМРО-ДПМНЕ. Ни за Мицкоски. Ни за Силјановска. Не станува збор ни за Зоран Заев. Сега веќе станува збор за општество во кое тој Заев, полиглотот, докторот по економски и политички науки, феноменалниот преговарач во меѓудржавни работи, стана врвот на едно опшествто. Како и зошто е друга работа, но тој е репер. Тој е пример за многу млади чии родители… ај да не ги навредуваме луѓето. Да бидеш „Заев“ за нив значи да станеш „бренд“ во Северна Македонија. Да немаш поим што зборуваш, да се гордееш со глупостите, да се гордееш со предавствата, Хемингвеј за тебе да е марка на виски кое се произведува во Муртино, да работиш на поделба на државата за која веќе не се расправа дали ќе се случи, туку дали ќе биде изведена по мирен пат или со крв. А сето тоа значи дека имаме проблем. Многу посериозен од тоа дали Мицкоски ќе си оди ако ги загуби изборите.
И ако тоа се случи, ако Заев остане, истите тие кои сега работат против ВМРО, ќе си седат настрана со од нас земените бројаници, додека други ќе мораат да се селат, додека други ќе мораат да ги продаваат становите по три пати помала цена (и Македонци и Албанци), а тие ќе си уживаат во водите на морето во Јужна Македонија гордеејќи се дека се од Северна. И ќе мрчат дека ова агодина Грците ставиле повеќе сол во водата, додека тие другите, односно некој од нив, можеби и ќе гине.
А него, него го болело за Мицкоски. Дали ќе останел. Па што не поднесе момче кандидатура, па што не победи на Конвенцијата, или, што не собереш 10 000 потписи и со нив да излезеш пред народот? Ене го април. А? Што не го направиш тоа кога веќе мислиш дека си фактор? Или само така ти рекле да кажеш? Па те разигруваат комуњарските порталчиња ми т.н. медиуми, како што вмровските „умираат“ на секој збор на Најчевска и слични комуњари. Ајде, биди маж. Победи. Натерај 550 000 „севрџани“ кои не сакаат да бидат „севрџани“ да гласаат за тебе. Знаат луѓето дека не ти си допаѓа новото име. Го знаат тоа. Но, што не излезеш тогаш пред нив? Ама не можеш. Зашто нема да собереш ни сто потписи, зашто и да ги собереш нема да го вратиш името, зашто бројаниците си се бројаници.
Затоа, седи си таму во кругот на Заевци и не се мешај во политика. Оди претходно скрши му главата на тој што го преговараше СЈО. Оди прашај во Уставен зашто СЈО не е поништено, оди скрши му глава на секој од тие ножињата за кои ни зборуваше твојот шеф кој е единствен од бившите од кого народот се уште сака лекции, оди скрши му главата на тој што им ги дал списоците од ВМРО на СДСМ, оди разбери си се со осумте богаташи од ВМРО кои гласаа како Заев им нареди, оди… всушност има многу работи што можеш да ги направиш, а што ти и твоите им ги должите на луѓето. На оние со 15 илјади и со леб и сол. Побогатите и со парче кромид.
И кога тоа е го направиш, дојди и зборувај ни за Мицкоски, и за Силјановска и за Ѓорчев и за Иванов кој вчера застана зад изборот. А во меѓувреме, оставете ги луѓето да се обидат да го поразат Заев. Кого очигледно полека и тие што го донесоа на власт му подготвуваат јаженце. Засега тенко. Но, ќе видиме…