Дарко ЈАНЕВСКИ

(текстот е преземен од ФБ профилот на авторот и не го одразува нужно ставовите на Денешен.мк)

Колку е опасна удбашко-комуњарската пропаганда која се уште не се разиграла во целост, а на која понекогаш наседнуваат и некои кои не приѓаат таму, кои не спаѓаат во платеничката група, покажува и случајот со постапката за пожарот во Кочани. Само што беше објавено дека предметот ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска (не знам зошто името и е без „Ј“, ама така ја објави Кривичниот суд во соопштението, па веројатно така и се вика жената), веднаш се поведе кампањата против неа дека таа е судијката која го ослободила Зоран Заев од случајот „Поткуп“. Се сеќавате, тоа е онаа снимка кога тој бара едно евро за Вицето, едно за црквата и за што никогаш не беше осуден. Напротив, наместо во затвор, стана премиер и потоа направи што направи.

А, точно е само тоа дека „Поткуп“ навистина требаше да го води судијката Груевска Илиевска, но во оној момент кога бандата на Заев и самиот тој сфатија дека таа е професионалец, под итно најдоа начин да го доделат случајот на друг судија. Зошто? Затоа што таа сметаше дека снимката обезбедена со ПИМ мерки (значи ЈО побарало, а судија одобрил ПИМ мерки за да се сними криминалот на Заев) треба да биде дел од доказите. За да не се случи тоа, таа едноставно беше сменета односно исфрлена од случајот, откако тоа го одработија и удбашките медиуми, а на нејзино место беше поставен извесен Дарко Тодоровски кој потоа и го ослободи Заев.

За волја на вистината, својата улога тука ја одигра обвинителката Валентина Бислимовска, а кој што и наредил да игра така како што играше во тој случај, самите судии и обвинители си знаат. Не е тајна тоа. Ама баш не е тајна.

Така што, судијката која ќе го води случајот за пожарот во Кочани и смртта на сите тие луѓе, нема врска со ослободувањето на Заев за очевидниот криминал. Но, битно е таа во старт да се дискредитира и преку неа, ако може, да и се наштети на власта, да се кренат емоциите кај семејствата, да се искористи смртта на децата и да се добие некој политички поен за газдите на удбашката машинерија.

Не треба да се има дилема: случајот во Кочани ќе биде користен со сите сили и средства, исто како што муртинскиот „интелектуалец“ и тајфата што го поддржуваше, ги користеше Смилковско Езеро, смртта на малата Тамара, Мартин Нешковски и тероризмот во Куманово. Шемата е иста. Така што, ако оваа судијка е таква каква што ја знаат – професионална и стручна, жена која со душа се држи за правото, ќе биде направено се да се дискредитира процесот што таа го води. И преку тоа, да се дојде до емоциите на семејствата на жртвите, а преку нив до власта. Стара шема која е веќе е видена.

Другиот проблем со овој случај е што согласно постојниот Закон за кривична постапка, судијата е зависен од тоа што ќе му понуди обвинителството. Еднаш го споменав ова, еве да повторам: во Законот за кривична постапка што го наследивме од социјализмот, постоеше членот 15 кој бараше, го задолжуваше судијата, во секој случај да ја утврди вистината.

Подоцна, не знам од кои причини (ги знаете нашите шеми – ќе му треба на некој од ЕУ да земе некоја пара, а тука се и нашиве тезгароши, и ајде ќе менуваме закони во Македонија), тој член е исфрлен и делумно е прифатен американскиот систем кој за наши услови не е подобен. Така што, сега, секој кривичен предмет во голема мера е зависен од ЈО и од тоа како обвинителот го подготвил случајот. А кој во моментов ги влече конците таму, во Јавното обвинителство, веројатно веќе ви е јасно.

Така што, оладете малку околу судијката. Тоа не значи дека таа има бланко карта и дека нема да биде под надзор на јавноста, но тоа што досега се знае е дека таа е вистинскиот избор за ваков сензитивен и ужасно тежок случај како кочанскиот.

Кога сум веќе кај обвинителството и судството, да споменам и една реакција од пред десетина дена на некакво си Здружение на судии од каде го искараа Мицкоски за тоа што коментирал судски пресуди. Внимавајте сега – тие се оставени сами да се избираат, сами да си прават шеми, тие се тие кои заедно со ЈО доведоа до два отсто доверба – и тоа не им пречи. Ама им пречи ако некој коментирал. И сега, што да правиш со таквите?

Е, сега, што го имаме тоа „што да правиш со таквите“ еве уште еден случај во рамки на овие неделни редови. Минатата недела публикував интервју со д-р Николас Халшер, епидемиолог од МекКалоу фондацијата во САД, кој изнесе две шокантни работи: едната е дека во туморот на 30-годишна жена (кој кај неа не би требало да се појави на таа возраст) нашле спајк протеин и втората е дека истиот тој спајк протеин, спротивно на сите досегашни медицннски сознанија, се вградил во нејзината ДНК и успеал да го згасне нејзиниот имунолошки систем, со што му отворил непречен пат на туморот.

Втората работа што тој ја изнесе е истражувањето направено со надзор во текот на три години на над 300 000 Италијанци, еве ќе повторам и со букви – триста илјади Италијанци, од кои едната група немала примено мНРА вакцина против КОВИД, а втората група ја примила. И тоа што е пронајдено е дека кај тие што примиле КОВИД вакцина (зборуваме за Фајзер и Модерна, зашто тие на запад немаа можност за кинески или руски вакцини, а британската АстраЗенека беше повлечена) имало зголемен ризик од појава на канцер. За неколку видови на канцер тоа беше и процентуално измерено – од 24 отсто до над 50 отсто.

И што се случува сега? Се нашол некој си таму од Битола кој со медицина нема врска и покрена кампања против интервјуто. Фактички против слободниот збор. Било лажна вест. Жити мајка! Ама, ајде што тој покренал кампања, нека го – нека се занимава момчето и нека собира лајкови, впрочем зад добриот коњ секогаш се крева прашина, нели, ама во тоа го поддржувале и неколкумина лекари. Кои, по објавата на ваквите податоци, од епидемиолог кому тоа му е работа, наместо да се поведуваат по некои си нестручни за областа лица кои очигледно се умислени и самобендисани, би требало да бидат првите кои ќе го кренат прстот, ќе го стават на чело и ќе кажат: „Стоп! Дајте да видиме што е ова!“ Зашто, ако тоа е така, како што вели Халшер, а човекот не изнесе мислење, туку факти, имаме проблем. Сериозен проблем.

Но, наместо тоа, тие се однесуваат како инквизиторите од средниот век. Им велат Галилеј и Коперник дека Земјата се врти околу Сонцето, тие им бараат студија. Каква студија, закржлавени едни! Земјата се врти околу Сонцетот, а не обратно и точка! Но инквизиторите излегуваат наутро надвор, го гледаат Сонцето на исток, на пладне на југ, а потоа изглегуваат пред зајдисонце и гледаат на запад и велат: А, не, Сонцето е тоа што се врти околу Земјата!
И оди сега ти убеди се со нив.

Ама тоа било во средниот век. Нашиот проблем е што денес кај нас очигледно има луѓе кои со умот се уште се во тоа време. Имаат узди на главата. Знаете, тоа е она што им се става на некои животни за да не гледаат ни лево, ни десно, туку да одат само право. Но, тоа кај животните е оправдано. Кај луѓето, кои би требало да имаат отворен ум, кои би требало да истражуваат, да се грижат за опасностите кои го демнат човековото здравје, во услови кога македонските онколошки амбуланти се преполни со пациенти, во услови кога на кардиологија не можете да дојдете до термин зашто едноставно не се постигнува, а луѓето не може да им се помогне кој знае колку освен со стандарната терпаија, е кај тие луѓе, се бара отворен ум, се бара љубопитност, загриженост кон секој можен ризик, а не узда.

А не е само д-р Халшер. Тука се и д-р Питер Сун Шионг, Пјер Кори, Питер МекКалоу, Бајрам Брајдл, Вилијам Макис (кој на моја соработничка и побара 2000 долари за интервју, па го одбив, но, пред наша Онкологија, во Скопје, сретнав син на болен од рак, кој му платил 680 долари на Макис за консултации по што, состојбата на неговиот родител драстично се подобрила), потоа тука е д-р Симеон Голд, Роберт Малоун (чиј изум е мНРА технологијата, со намена за борба против ракот, а не за САРС КОВ2), Брет Венштајн (за волја на вистината, Венштајн не е лекар туку молекуларен биолог, а сепак за овие работи беше поканет кај Пирс Морган кој и се извинуваше на јавноста зашто ги пропагирал КОВИД вакцините), Герт ванден Бош, кој животот го посветил на нови вакцини и да не ги набројувам сите од листата на десетици и стотици специјалисти и научници кои во вакви ситуации не напаѓаат, туку напротив велат: Houston, we have a problem! Зашто проблем навистина има, а многумина од нив предупредуваа дека тој проблем може да се појави уште во 2020/21 година.

Ама тоа е Америка. Затоа е таа прва во светот, сеедно што и таму има средновековни умови или корумпирани здравствени институции, какви што нема никаде во светот. Но, наспроти нив, таму има и луѓе со слободен ум и се додека има такви, тие ќе ги движат САД напред. Има една студија од пред десетина години која вели дека најмалку 80 отсто од новите изуми во светот од било која област, доаѓаат од САД. И дека САД ќе бидат водечка земја во светот се додека го држат тој примат. Затоа Кинезите водат битка со САД, не на воено поле, не на поле на исфрлување на доларот од играта како светска валута, туку на полето на изумите, меѓудругото и во медицината (патем, не ви изгледа чудно што САРС КОВ2 дојде од Вухан, и се прошири до Северниот и Јужниот пол, но речиси и да не стигна до некој соседен град на Вухан во Кина?).

Како и да е, ние, очигледно, остануваме во средниот век. За нас уште Земјата се врти околу Сонцето. Е, сега, пресликајте ја состојбите на тие умови од кампањата против мене и д-р Халшер на полето во судството и обвинителството, на полето на администрацијата, пресликајте ја во секоја обласст во животот во Македонија и ќе добиете одговор зошто сме таму каде сме. Затоа што имаме узда. Со тоа што животното нема проблем ако му ја тргнете уздата, а нашиве ведети имаат.

А светот алармира дека има драстичен пораст на рак на дебелото црево, дека ракот се јавува кај деца на 8, 9, 10 години. Д-р Патрик Сун Шионг наведува дека никогаш во 50-годишната кариера не видел рак на панкреас кај дете од 13 години, а сега тоа се случува. Имаме случаи кај деца кои штотуку излегле од тинејџерска возраст и кај кои одеднаш, од нигде никаде, се открива дека се метастазирани до крајни граници и дека имаат, не уште неколку месеци, туку неколку денови живот, имате случај на родителите кои излегуваат од дома, се враќаат и ги наоѓаат мртви своите 16 и 17 годишни деца (и аутопсијата точно го посочила виновникот за нивната смрт), за што беше сведочено и во Сенатот на САД, не во Собранието на РМ, не во некаква си наша лекарска комора, туку во Сенатот на САД…, а овие ти велат, што го интервјуираш Халшер. Бог да чува и да брани.

Патем, на 4 септември го однесов моето дете да прими ММР вакцина. Три во една. Пред неколку дена, Трамп напиша на Х дека тие три вакцини треба да се даваат посебно, а не заедно, во микс. Па наместо да губите време со тоа што сум објавил и кого сум интервјуирал, пробајте да дознаете зошто Трамп тоа го советува. Што е тоа што на Трамп му било кажано па тој напишал на Х, а што вие, лекарите – поборници на спајк протеинот – кај нас не го знаете?