Во Кавадарци, тоа е оној град во кој го прскаа апаратот за мерење на загаденост за да покаже дека ја нема, пред некои кафеани полицијата вршела проверка со алко тест. Се покажало дека сите се пијани. И тоа е вест за нас. Кавадарци и кафеана. И сите биле пијани. Што е чудно, нели? Оти во кафеана не се оди за да се пие. Всушност, се оди да се пие, ама по малку. По една чаша. Од тие за пиво. Додека не почне да ти лепи јазикот и додека не почне она „брат, јас многу те сакам“, со обид да се прегрне „братот“ во огледалото, додека вистинскиот се мачи да се додржи и да не падне од столот.
Се разбира, ова заслужува посебна психолошка анализа. И за полицијата, и за самата вест и за тие што пиеле „цеден сок“, зашто тоа сега било во мода. Било здраво. Но, сите претпоставки се дека таа вечер не пиеле само кавадарчани. Пиела и се опила цела Македонија. Од очај. За да не си ги сечат луѓето вените, оти, до толку им фаќа на нашиве очајни по култура сограѓани, после Министерот Смрт на Северна, имаме министер за здравство под чие раководство може да ви ја надоместат изгубената крв од вените со раствор од кола кола и вињак на Звечево, оној омилен на Гидра Бојаниќ после кој, барем три дена имаш замерлушени муви во главата и ќеси со песок на нозете.
Зошто очај? Зашто во Скопје не му дале пари на џез фестивалот. Албанец бил министерот за култура, а како Албанец, тој, нели, за шарената иконографија по дефиниција е простак и по дефиниција, како простак, не се разбира од џез. Што го сместува во новата пописна графа која ќе се воведе наместо таа за националност: графата на небањатите. Заедно со вмровците, освен оние кои Грујо ги направи министри и богаташи и сега се бањати, па научија дека наместо зејтин од Благој Ѓорев, на косата можат да ставаат гел. За кој морале прво да го прочитаат упатството бидејќи дилемата била дали се става директно на коса или прво се мачка на леб, се јаде, па после одвнатре им ја прави косата таква каква што сакаат да им биде. За да можат кутрите да ќарат нешто, оти како на министри, директори и новопечени богаташи им се смачило од гледање слики и порничи по интернет. И кои дури по 2006 година научија дека за да влезеш во кафуле, не мора вратарот прво да ти мавне заушка. Колку да му пројде ќејфот.
Е, тоа е новото друштво на министерот за култура. За разлика од друштвото на скопските џезери кои се посебна сорта. Тие не се кавадаречки сељаци. Ниту вмровски гелосани шутраци, во комбинација со оние кои крадеа без гел на косата за да бидат помалку приметливи. Скопските џезери се елита. Тие имаат родослов кој, кај Исус води до Давид, а кај нив до француската аристократија во време кога бил измислен парфемот. Мисирисаш како твор зашто уште не знаеш дека водата служи и за капење и миење, ама ставаш неколку капки врз мирисот од пот и лој, и творот, помешан со тој мирис веќе не е твор. Тој е сега комбинација на одвратност измешана со трагови од блгарска цветна роза, таа од времето на Тодор Живков. И добиваш „елита“ (чест на исклучоците). Од типот на онаа која оди на опера, молчи во текот на целата претстава и се досадува (што всушност јас барам тука?), ама безмалку френетично скока на рефренот зашто го чула на некоја реклама за влошки кои по ставањето, им го прават животот на жените вистинска опера. Ама битно е дека се тука за да ги видат. Одиш на опера, иако не знаеш што е тоа. Ееееј! Дурловски? А бе пушти го, тој е небањат. И така добиваме чиста алхемија. Како од олово да направиш злато.
Зошто е тоа така? Зашто на скопските џезери, овие кои сега паѓаат во транс, можеш да им донесеш човек кој вели дека бил црпнат од нива од Господ, и чија последна книга покрај која поминал, а немал време да ја прочита поради интелектуална зафатеност за судбината на светот и бившата МК, веројатно била Зоки Поки, ама тие немаат проблем со тоа. Од Америка во која се колне како Харадинај и Тачи, го знае Марк Твен заради Том Соер, кој му предизвикува трауми зашто го терале да ја чита, што е прашање за северниот Чепреганов или онаа Ненси од процесот на Хари Костов за „швајцарските сметки“. Ама немаат проблем ни со тоа.
Но затоа, можеш да им земеш 40 000 евра и да ги дадеш на ќеркичката на оној што татко му колнел раката да му се исуши, за да учело детето во Холандија, ама немаат проблем и со тоа. Можеш да им ја „шитнеш“ Шеќеринска како загрижен министер оти купила чизми за војниците и гуми за возилата, и да им субвенционираш рамки за фотографи, за да можат Прада да си ја врамат дома, ама немаат проблем ни со тоа. Всушност, можеш да им поставиш цел владин состав кој им вели – „Вие сте глупави, ние ќе ви ја смениме државата, ќе ви го отвориме черепот и наместо тоа малку мозок што сте го имале ќе ви ставиме струготини, а ќе платиме буљашчиња кои по медиуми ќе ве убедуваат дека сте станале многу умни, попат ќе украдеме колку што се може и не се може“ – ама тие и со тоа немаат проблем. Можат главни обвинители да им бидат Катица Јанева и Фатиме Фетаи, звана Цеца силиконка (Боже, нив ги идентификуваа со некакви си Чарлиеви ангели), кои во плакарите уште си ги чуваат влечките за по дома од времето кога не беа толку „паметни“, а кои на пазар ги платиле за 50 денари, додека не почна државата да им дава по 4 милиони евра годишно, ама и тоа е е супер. Можат ѕвезди во нивниот нов европски светоглед да им бидат тендераши како Крсто Мукоски (уф се извинувам, Крсто на мајка тендер-синчето е муштерија на Рускоска) кои од притвор ги носат во Собрание на гласање, а тие да ракоплескаат на тоа. Можеш две години да ги влечеш по улици заради Скопје/Шкупи 2014, ама сега Северна Бетка национале не влегува во кругот на оние „Че си лежите“, зашто задачата им е да молчат како помокрени куриња кои збрчкани се собрале наназад, си ствааат сода бикарбона на устата зашто лечеле кандида од лижење на плуканото. Можеш да им го поставиш Бекир Асани Пајакот за претседател на МАНУ (која сакала да биде НАНУ за да не биде АНУ). Ама и тоа не им пречи. Всушност можеш да ги работиш во здрав мозок, може да им го протнеш Амди за претседател, можеш ама баш да ги работиш, како сељацине во бачило што начекале крава или овца на која и даваат плус сено за да биде мирна додека си вршат работа одзади, можеш да ги работиш и со многу позначајни работи како со вакцините за деца, додека во заднина течат бизниси од ќерка на татко и можеш да ги работиш кој знае уште како. Ама и тоа е во ред.
Можеш да им ги сј.беш пензиите на пензионерите, ама важно Мила Царовска не е Диме Спасов па да ја бркаат за да видат каде навечер оди да го кади џипот со темјан, додека во исто време на сегашните огласи за вработување оздола стои дека кандидатките со себе треба да си носат кондоми зашто овие од СДСМ се „фраери“. Лубрикантите ги даваат невладините на Заев.
Може да гледаат како со месеци се фрлаат на улица прво праските, па лубенците, па доматите, па не знам што… ама кој ги е.е, тоа се сељаци. Тие и онака пијат метилосана жолта по нивните гранапчиња и се палат на глупи песни за „земјо македонска“, па кога веќе се такви, нека цркнат.
Впрочем, може вака да се реди до утре. Ама бадијала. Во земја во која животен сон е за две-три години да имаш 500 евра плата колку што вреди штиклата од чевлите на Прада, во која децата од малечки ги учиме дека да бидеш бандит, криминалец, крадец (не знам зошто Блаже Коневски не ни го усвоил зборот „лопов“) е врвен дострел, земја во која за три години цел еден народ ставија во џеб и тоа таму некаде во најдолниот дел од истиот тој џеб под оние две топчиња (кај мажите) виснати некаде до реуматичните колена… е во таа земја можеш да направиш се. Можеш истите џезери да ги полеваш со урина врз глава и да им велиш дека тоа е затоа што ние сме слаби, а „знаете ли вие која е Грција“ и ќе молчат како детенце фатено додека тајно се обидува да земе уште една коцка чоколадо откако претходно ги изел трите добиени. Плус можеш да ги убедиш и дека урината, согласно некои делови од алтернативната медицина, е лековита. Под услов, тој што убедува да се вика Зоран Заев. Зошто? Затоа што тие се елита. Тие слушаат џез.
И во таа земја, Асаф Адеми бил проблем оти не дал пари за истиот тој џез, па некои т.н. величини уште си давале оставка со патетични изливи на чувства од кои им ги гледаш тажните им солзи кои се ронат, дека му верувале на Заев, а сега веќе не! Каква трогателност. А толку лесно можат да завршат работа со само едно јаже. Доброволци за столчето лесно ќе се најдат.
Но, чекај, зарем уште лани, или кога веќе беше министер во истиот ресор оној што се сликал со „турето“ пред компјутер, не можеа да видат каде пловат галиите на Вардар?
Така што, Асаф Адеми нема потреба да се повлекува. Терај си момче работата, зашто вакви шутраци ниту имало, ниту ќе има. И ич да не ти чуе ни за Танец ни за не знам што било. Ене им ги нивите во Муртино, ако заиграат таму, ако таму попат пуштат и по некој џез, можеби и тие ќе имаат среќа да бидат црпнати. Освен ако Господ не каже: „Па добро, колку ве има и по колку пати треба да ве црпнувам? Ај мавнете по една и не досадувајте! Имам поважна работа. А таа „вечна“ закачете си ја за носот!“