Јованка КЕПЕСКА

Дилемите кои се најприсутни се јавуваат околу тоа како да се пристапи во однос на нашиот општествен развој, како кај одговорните инстанци во општеството така и поединечно, како одбран пристап за да се подржи. Тие, колебања во реалната практика, постоеле и наназад. Впрочем, како и во реалноста во различните општествени практики во светски размери и во различни етапи од општествениот развој.

Во социјалдемократијата, пристапот кон промените се одвива(ше) како промена внатре во постоечкото опстојување на етапата на општеството. Како реформирање на постоечкото.

Од друга страна, радикалниот, револуционерниот, пристап бараше коренито пресвртување на постоечкото во општеството, скоковито во нова етапа. Односно целосна промена на постоечкота етапа. Така, радикалниот прекид со минатото донесе и промена на пристапот во прифаќањето на континуитетот во развојот на македонскиот народ. Се изврши апсолутизирање на националното како политичко опстојување, занемарувајќи го народното, природното, опстојување како основа на нашиот идентитет и автентично творештво. Од таков аспект се изврши редуцирано прифаќање на минатото на македонскиот народ, вклучувајќи го и редуктираниот третман на дејците од неговата историја и што дефинитивно се отслика и во концептот на образованието што е, дефинитивно, причината за генерациската неподготвеност за денешниот момент за познавачката одбрана на нашата историја.

Пристап кој е релевантен, нужен, потврден, за општествениот развој е надраснување на постоечкото. Тоа е во сферата на методот кој ја изразува дијалектика но сфатена со оглед на приодите со најдобра филозофска провиниенција. Тоа го исклучува сталинистичкиот приод кон дијалектиката која сеуште присутна со влијание на нашата свест сфатена четири црти, како што е познато. Тоа се однесува за сите достигнувања во досегашниот развој, што значи и во однос на достигнувањата во капитализмот. Тој појдува од сочувување на постигнатото во општествениот развој. Тоа што е пречка во развојот е формата во која опстои општеството ако во нејзини рамки не може да се постигне понатамошниот општествен развој, потребно е да се укине а создаденото да се подигне на повисоко ниво за развој. Применето на развојот тоа значи дека сé што е створено се чува но се ослободува од формата затоа што таа повеќе не го овозможува развојот за да може, со таквата нејзина даденост, општеството да се развива на повисоко ниво. Односно да се овозможи понатамошниот развој. Тоа е начинот на кој се разрешуваат минатото, сегашноста и иднината.

При што и минатото и претпоставувањето на иднината се разрешуваат во сегашноста. Она што го чиниме во сегашноста е одговорно и за континуитетот на развојот. Истоветен е пристапо и во сознанието во рамките на кое го надградуваме постигнатото знаење во различните научни дисциплини, за да ги зголемиме сознанијата во функција на поголем развој.
Онака како што и интелигенцијата на човека се постигнува преку сите аспекти во пристапот, за да се создаде објективно поместување во стварноста, со опфаѓање на што е можно повеќе моменти.

Пристапот на надраснување го претпоставува пристапот и за релацијата народ и нација. А токму кај нас се јавува неснаоѓањето за да се определи вистинскиот сооднос па се употребува современа нација, како да постоела нација пред нацијата, или се врши замена на помот народ означувајќи го со нација.

Народот е природната форма на човечкото опстојување, а ние припаѓаме природно на народ, додека нацијата е политичкиот облик на заедницата, односно на опстојувањето на народот. И таа ја бираме како членови на политичката заедница. Нацијата е формата во која актуелно опстои народот. Во нацијата народот е потребно да се развие на повисоко ниво, создавајќи ја свеста за себе преку науката и уметноста или севкупно преку културата. Свеста за своето опстојување народот ја постигнува во нацијата преку создадените институции.

Во таа смисла програмски и правно ги заштитува националното определување, јазиците и националните малцинства определувајќи се за да стане заедница на народите откога ќе ја надмине политичката форма на организација.
Постои замена во употребата на терминот нација и за народ. Тоа настанало затоа што во ренесансата при преводот на античката литература на латински јазик за грчкиот збор етнос нема замена во јазикот. Се употребил зборот нација што опстои и денес.