Јованка КЕПЕСКА

Прашањата за идентитетот вообичаено се поставуваат одново кога се отвараат нови патишта во социјалниот процес.
Сепак, овие денови, како мислење и желба јавно да се повлијае, се презентира тезата за нашето, како што беше речено, недалечно „втурнување“ во европскиот идентитет, на еден значаен научен собир, посветен на македонската државност. Што би било резултат на растечката миграција со укинувањето на границите и исчезнувањето на државите кои го пренесуваат суверенитетот на ЕУ.

Релативизацијата на културниот и моралниот пристап кон идентитетот во ваквата претенциозна претставка е крајно неоправдива. Дотолку повеќе што идентитетски аспекти се, денес, толку значајни токму за македонскиот идентитет.

И кога при позитивистичкиот пристап кон државата која е најзначајниот субјект на политичката заедница, изедначувајќи ја со нацијата а во услови на ерозија на суверенитетот на нацијата –државата, усмерена само на техничко дејствување, со промената на името, го усложни проблемот. Односно со промената на името на државата автоматски ја претпостави промената на нацијата. Загрозувајќи го и идентитетот на македонскиот народ.

Јасно е дека приодот кон идентитетот го замаглуваат глобалните трендови што го преобликуваат општествениот живот така што во процесот на глобализацијата колективните идентитети стануваат ранливи а мултикултурните реалности се стаени под прашање.

Меѓутоа она што е објективно според науката, во овој случај во антропологијата, е дека тезата за европскиот идентитет.

Отфрлено е и сфаќањето дека со создавањето на Европската Унија се создава и европски идентитет, поврзан со заедничкото историско минато на членките или врз религиозната основа во христијанството. ЕУ, имено, прераснува, во заедница на народите. Истовремено проследувајќи го концептот со правна легислатива за посебноста на народите, за заштита на суверенитетот на народите, признавањето и заштитата на одделните јазици , за поврзувањето на народите со укинување на границите и со безвизниот режим. Афирмирајќи ги различните културни идентитети, во Повелбата и, поново, во Лисабонскиот договор од 2009 год., Европската заедница затоа се дефинира дека е заедница што функционира само врз граѓанско-правните „универзални вредности на човековото достоинство, слободата, еднаквоста и солидарноста“.

Ваквиот приод кон идентитетските прашања произлегува од нововековните теоретски пристапи. Прашањето за идентитетот е фундаментално во европската филозофија затоа што од истоветноста на суштеството со самото себе се изведува законот на односот на мислењето и битието. А она што особено е значајно е дека идентитетот ги опфаќа и сите димензии на надиндивидуални форми и односи на сите ентитети што постојат.

За денешниот пристап кон идентитетот дефинитивно најзначаен е Хегеловиот став за идентитетот како за меѓучовечки и динамичен елемент, при што тој добива и колективна смисла. А со тоа се надминува и дилемата дали, покрај индивидуалниот, постои и колективен идентитет. Како што е нодерано дека во поновата историја постои злоупотребата на идентитетот со апсолутизациите што се вршат кога парцијалниот (според бирократијата) идентитет се претставува како колективен или како што во потрошувачкото општество постои кризата на индивидуалниот идентитет.

Модерното сфаќање на идентитетот почнува со Рене Декарт кој акцентот го става врз индивидуалниот идентитет. Додека Жан Жак Русо се спротивставува дека генералната волја треба да преовлада над волјата на сите со што се спротивставува на апсолутизмот што се спроведува во име на слободното и еднаквоправно граѓанство. Спротивставувањето се однесува на ставовите на Џ. Лок и Е. Кант за интересниот идентитет на политичката заедница при што одлучувањето го врши мнозинството. И на крајот, како неадекватна, веќе одамна, се смета Лајбницовата дефиниција за идентитетот дека „две работи се истоветни само ако тие не се разликуваат според било какво својство“.

Идентитетот не е само чувство, иако такво постои, туку идентификација на посебноста и автентичноста, преку творечките облици, науката и политиката.

За да се биде Македонец оттаму не е пресудно само чувството на индивидуата, туку и свеста за тоа дека си Македонец. Македонскиот народ останува да се идентифицира со афтентичните и афтохтоните одлики, меѓу што и со неговото име. А сведоци сме дека наместо напорот да се вклучиме во должноста за тешкото и мачното мислење на народот на кој му припаѓаме, за да се обезбеди неговиот вистински опстој, се презентира теза за нов идентитет на македонскиот народ како за иден, за европски идентитет.

Одбраната на идентитетот на македонскиот народ лежи во севкупноста на одговорите на прашањата за тоа кои сме ние, поради што сме тоа, и на кого, индивидуално или колективно, му припаѓаме. Тоа, впрочем, е основната определба на ЕУ, кога ги претпоставува различните културни идентитети и нивните самоидентификациски обележја, во кои спаѓа јазикот. Во исто време е потребно да се спротивставиме на појавата издвоените аспекти на идентитетот да се претставуваат како единствен одговор за македонскиот идентитет.

И она што крајно го расчистува одговорот за тоа дали постои европски идентитет е да се има предвид разликата помеѓу националниот и културниот идентитет и односот што може да постои помеѓу европскиот и културниот идентитет на македонскиот народ.

Притоа националниот идентитет ја претпоставува постојаноста на заедницата во однос на заедничкото минато, додека културниот идентитет ја претпоставува културата како постојан процес на промени и размена меѓу актерите. Сепак, културата која се подразбира како структура на материјалните и духовните вредности, се создава само на еден социокултурен простор.

Културниот идентитет пред сé има објективна претпоставка во социјалното живеење чија идентификација се врши преку различните творечки облици, како и преку науката и политиката. Во таа смисла идентификацијата е самоидентификација со која индивидуата преку постигната свест кај неа за објективноста на личниот идентитет од различност станува личност,.При што има и усвојување на европски вредности што, пак, не може да се изедначи со постоење на издвоен европски идентитет.

На крајот и потребата од надминувањето на контроверзите во релацијата народ – нација во однос на традицијата и историјата, нажалост, сеуште трае. Евидентен е примерот со претседавачот од македонска страна во Комисијата за проверка на учебниците и заедничкото празнување на настаните и личностите со Р. Бугарија, професор д-р Драги Георгиев, кој вели дека од денешен агол на гледање не можеме да определиме национална припадност на личностите од средниот век. Превидувајќи го фактот дека со тоа ги исклучува почетоците на создавањето на македонскиот народ во раниот феудализам. Создавањето на македонскиот народ токму почетоците ги има со одвојувањето на посебноста на јазикот, со писменоста, со односот кон црквата и другата дејност на св. Климент и на св. Наум како и на царот Самоил. И со оглед на карактеристиките на јазикот и кај св. Кирил и Методиј. За тоа има објаснување во социјалната теорија и во филозофијата за создавањето на народите освен во историјата.