Јованка Кепеска
Се наоѓаме во актуелни историски моменти на загрозувањето на различните аспекти на македонскиот идентитет. Нешто што наложува како национална одговорност за Македонците на осмислување на политички начин на политичкото дејствување во дадениот момент во името на сопствената, и на Македонија, сегашна и идна, заштита. Затоа што, ако некојпат сме морале со оружје да ја извојуваме слободата, сега мораме да ја добиеме битката против навлезените штетни интереси и влијанија по однос на македонското ткиво и со оглед на изместената званична политика на партиите на власт.
Како резултат на осознаеноста и мислењето потребна е политичката одлука за обединување под една партија. Односно за потребата да се подржи една партија за да дојде до позиција на власт, како на најефикасен начин би се постигнало оневозможување на понатамошното македонско обезличување. И потоа овозможување на демократска практика при разрешувањето на севкупните прашања што се јавуваат во општеството. Ваквата одлука како начин за разрешување на сегашните историски задачи што стојат пред Македонците се наложува како за поединците така и за партиите.
Неопходноста за одлуката се јавува како продолжение на остварување на митот за националната слобода создаван два века воедно и како програмска определба за остварувањето на на самобитноста на македонскиот народ во дадениот момент.
Имено, во дадениот момент да ја приклучиме нашата волја кон политичкиот авторитет на партија која со оглед на својата организираност и цврстина ни влева доверба дека ќе биде олицетворувачка и дека со тоа ќе ги оствариме нашите национални задачи. За да не ги раситнуваме нашите сили туку да ги обединиме.
Политиколошкиот пристап укажува дека, историски, ВМРО е првата политичка партија која ги искажала националните стремежи, како стремежи на македонската нација, како политичка заедница на македонскиот народ, за негова државност. Тоа е реалниот стремеж кој историски може да се нарече и мит кој со генерации е поврзан со ВМРО. Иако ВМРО има своја политичка програма и политичка дејствителност, истовремено ја доживуваме како мит. На плодотворното значење на митот ни укажува неговото етимолошко објаснување, објаснувањето според коренот, според кое мит (грчки митос) значи справување со работата, со даденоста, со моментот. Така што митот за ВМРО го означуваше настојувањето и справувањето за конституција на македонската нација. Таквиот мит е врежан кај секој Македонец (Митовите се заслужни за славената грчка литература од антиката какви што се Илијада и Одисеја и другите дела).
А плодотворноста на митот останува и во денешни дни кај сите Македонци. И јасно е дека и одбраната на македонските национални прашања може да биде поврзана со афторитетот на ВМРО и со обединувачкиот процес кој е потребно да го извршиме.
Онака како што е и нашиот однос кон научните, културните и политичките авторитети кога, имајќи исто мислење им се приклониме, идентификувајќи се со нив. И не затоа што тоа ни е наметнато туку како наш избор и подведување под нивното сознание, дејствување и објеткивност. А народот има усет за да ги препознава и почитува вистинските афторитети и тоа и надвор од институционализираниот облик на нивното промовирање.
Иако, јавноста има сознанија дека има и примери на несоодветно проценети очекувања, поврзани со изгледите за успех во олицетворувањето на посакуваните цели преку политичките партии, кај поединци, во сферата на науката и културата. Како што е случајот и со нобеловецот Кнут Хамсун, кој иако заложувајќи се за решавање на егзистенцијалните прашања, а спротивставувајќи се на англосаксонскиот хегемонизам, а за примат на високата германска култура, јавно го поддржал, со написи, националсоцијализмот. А со хуманистичката визија во сопствените дела, извршил влијание на Кафка, Хемингвеј и други творци. Тој е афтор на „Пан“, делото што се оценува за најстилската книга на 20-тиот век.
Како и со М. Хајдегер, значајниот филозоф на 20-тиот век, кој поради првенствените социјалистички идеи и цврстината, во прво време, на политичката организираност, поверувал дека националсоцијалистичката патија ќе може да ги остварува нештата на новото време.
Подведувањето под авторитетот на партијата, на крајот, нема значење на остварување на некоја идеологија туку има значење на остварување на осознатото. Односно остварување на оние цели што не се однесуваат за целото општество а не на идеологија која претставува олицетворување на первертирани групни интереси во практиката.