Д-р Роберт В Мелоун
(Авторот е изумител на мНРА технологијата врз која се изработени вакцините на Фајзер и Модерна. Тој е еден од најпознатите вирусолози во светот и е водач на тимот во рамки на Пентагон, кој при напд врз САД со биолошко оружје, е задолжен да најде лек. За вакцините смета дека се најголем експеримент во истпоријата на човештвото, а во изминатите две години нудеше низа докази и за вештачката творба на САРС КОВ 2)

Кристин Андерсон: член на Европскиот парламент. Таа ја претставува Алтернативата за Германија (AfD), која е означена како „популистичка политичка партија“ во Германија. AfD е позната по своето противење на Европската унија, како и политиката на отворена граница/имиграција во Германија што ЕУ ја наложува. Бидејќи не верува во отворени граници, Кристин Андерсон е етикетирана со термини како „екстремно десничарска“ и „антиисламска“. Но, тоа е смао пропаганда против неа.

Уште повеќе што Кристин Андерсон се наоѓа на важна точка, која мора да се истражи. Постојат докази дека Фајзер и извршниот директор на Фајзер Алберт Бурла корумпирале владини лидери ширум светот. Дека оваа корупција е длабока и широка.

Народот е излажан. Тоа беше огромна лага. И сè што направија владите, особено во западните демократии за да ги прекршат правата на луѓето, да им ја одземат слободата, да ги затворат во нивните домови, да воведат полициски час, сето тоа беше засновано на таа гигантска лага.

Урсула фон дер Лајен, претседател на Комисијата на ЕУ сега е под голем притисок, и со право. Народот има право да знае што се случува во овие договори со нејзината размена на СМС пораки со извршниот директор на Фајзер, Бурла. Народот треба да знае од кого може да бара одговорност и што се случило зад сцената. Работите сега се менуваат, нивната куќа од карти се распаѓа и тоа со право.

И знаете што? Уморен сум да ме нарекуваат КОВ-идиот. Но јас повеќе би сакал да бидам КОВИД-идиот отколку да бидам ВЛАДИН-идиот, како сите овие луѓе кои слепо им веруваа на нивните влади. И пак ќе кажам, никогаш, никогаш, никогаш не беше за јавното здравје, никогаш не беше за справување со брановите на КОВИД, туку секогаш беше за кршењето на луѓетп. Но, а тоа е добрата вест – не успеаја. Тоа не функционираше. И на тоа сум многу горд и горд сум на луѓето за кои ми е чест што ми е дозволено да ги претставувам. И ќе продолжам да го правам токму тоа.

Урсула Гертруд фон дер Лајен е претседател на Европската комисија од 2019 година. Европската комисија е раководството на Европската Унија. Работи како влада, со 27 членови на Комисијата на чело со претседателот (сега Урсула Гертруд фон дер Лајен). Вклучува административно тело од околу 32.000 европски државни службеници.

Лајен тајно комуницирала со извршниот директор на Pfizer за купување вакцини за КОВИД-19 преку текстуални пораки. На почетокот на 2022 година, новинар побара копии од овие текстови и Европската комисија го одби барањето. Ова ја отвори вратата за широко распространети шпекулации за малверзации и корупција.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во јули изјави дека повеќе не поседува СМС пораки. Народниот правобранител на ЕУ утврди дека се работи за малверзации.

Кристин Андерсон пишува за Европската Унија:

ЕУ е елитистичка, настрана и оддалечена од граѓаните. Таа со своите пипала го задушува суверенитетот на европските народи и им диктира на граѓаните до секој детал како треба да се однесуваат.

Сакам чесна и слободна Европа на слободни луѓе, а не конструкција на политички елити. Сметам дека ставањето крај на овие лажни елити овде во Брисел и Стразбур е најитната задача во мојата политичка работа.