Јованка КЕПЕСКА
Во нашата јавност актуелна е дискусијата околу последната изјава на Марта Кос за нашиот, македонскиот, идентитет. Една од димензите во изјавата е дека идентитетот на државата, суштината на нацијата и на јазикот, без оглед што би произлегло од актуелните дискусии во Европскиот парламент, остануваат исти и ќе живеат според својата логика.
Имено, истоветно се оправдуваше промената на името на нашата држава според кој приод нацијата е претпоставена само врз основ на припадноста на граѓаните на државата. Нешто што актуелно води кон пристапот нацијата и јазикот да можат да се именуваат според името на државата.
Таква изјава имаше и амбасадорот Ф. Рикер (во ноември 2008 год.), во своето обраќање на собраниската комисија за надворешна политика, повикувајќи ја Македонија и нејзиното лидерство да го направат решителниот чекор за разрешувањето на проблемот со името на нашата држава, така што Македонија, со промената на името на државата, би ги презентирала граѓаните како политички субјекти. Така што М. Нимиц го даде предлогот за името – Република Северна Македонија (во тоа време за надворешна употреба) кога дефинитивно се измести идентификацијата на македонската држава со македонското име.
Несомнено, треба да се има предвид дека редуцираното сфаќање на идентитетот е причинето од позитивистичкиот приод како гледање карактеристично и еднакво застапено во западното но, историски, и актуелно, и во источна Европа. А позитивизмот го осиромашил развиениот приод кон народот и неговата бит, искажана во јазикот, во најзначајната европска филозофија. Како резултат на таквата идејна состојба и во Македонија изостануваше потребниот однос кон минатото и познавањата што создаваат последици и при нашите политички одлуки.
Таков пристап работите да се земаат „сами по себе“, кога во современите оптествени односи кога опстојуваат правните иполитичките приоди, очигледно е несоответен и не ги разрешува состојбите.
Кај хрватскиот филозоф, Вања Сутлиќ, стои дека филозофијата е најблиску до политиката. Филозофското гледање се остварува во и преку реализацијата на политиката во организацијата на општеството. Хрватска, оттаму, немаше никаков проблем да го конципира својот Устав, значи да ги дефинира политички општествените односи следејки го филозофскиот концепт, следејќи го формирањето на хрватскиот народ, од раниот феудализам, и како претпоставка на современата државност.
Затоа што идентитетот е она што народот го остварува во својот развој. Идентитетот е она што народот како специфично го кажува односно донесува и го вложува во светскиот развој и во вредностите. А битта на народот се искажува во јазикот. Филозофски речено, јазикот искажува што говори или што е народот, што направил што мисли, народот. Тој е „кажата“ на народот. Иако и јазикот има автентичност како творба.
Идентификација, искажувањето на својственото, народот постојано ја врши. Значи идентификацијата не само што народ ја вршел во изминатиот период во својот развој туку идентификацијата, треба да се претпостави, дека опстојуваа продолжително и понатаму.
Процесот е непрекинат и трае, оттаму идентификацијата на народот не е извршена ниту одеднаш, ниту дефинитивно. Во неговата идентификација постојано навлегува неговото творештво како својствено.
Филозофската претпоставка, имено, е дека народот е оној кој е автентичниот творец. Творештвото на народот е севкупно. Токму онака како што на народот се гледа споено со оглед на она што е негово суштинско. Што е суштината на идентитетот на народот. Затоа како што е егзистенцијата на човекот секогаш негова таа е и од народен карактер. Така што плуралитетот на народите одговара на плуралитетот на личностите и на нивниот ред.
Бидејќи, како што не сакаме нивелација во која исчезнува индивидуалноста на индивидуите, така не сакаме униформност и нихилизација на народот и на неговото кажување. Дијалектиката на јазикот е укинување (спореди есперанто), чување во посебноста и подигнување на повисок степен на кажата и кажувањето.
Потребно е да се каже дека во најзначајната филозофија, на пример кај Хегел, се говори за филозофија на народите. Така е насловено и едно од неговите дела. Впрочем, во историјата на филозофијата германскаата филозофија го зазема и најзначајното место. Како што во политичката економија најзначајното место го зазема Англија (Велика Британија), додека во социјалистичката мисла Франција.
Народот не е општествено-политичка творба. Дијалектиката на нацијата е укинување, чување и подигнување на повисок степен на народот. Па, космополитизмот не е интернационализам, кој што корелативно ја претпоставува нацијата, туку „нацијата“ (политичката заедница) „анационалните“.
Во процепот на едниот, природно правниот, и другиот, граѓанскиот, приод кон нацијата Македонците не успеаја да го изградат дијалектичкиот пристап на нацијата како процес на надраснување на народот на повисока фаза.
Приодот кој е во процес на имплементација во Европската Унија преку заштита на идентитетите на народите, и со актите и декларациите, таа за да прерасне во заедница на народите. А врз основа на овој приод се конципирани актите и декларациите на ООН. Впрочем, и според најзначајната филозофска мисла развојот на народот ја надраснува политичката заедница респектирајќи ги постигнатите резултати
Опстојувањето на природно-правниот приод кон нацијата затоа би бил вистинскиот патоказ во разрешувањето и на односите со соседите и основа за приод кон договорите. Тоа значи за отстранување на непринципиелна основа на настојувањето на соседите централниот елемент од македонскиот народ, што го подразбира народот во остварената држава, да го изгуби идентитетот, за да се изгуби етничкиот белег и препознатливоста на културата градена врз македонски белези на деловите од македонскиот народ во рамките на нивните држави.
Се избегнува да се потенцира македонскиот карактер на нацијата и се настојува таа да се претставува како зброј на народи, квантитативно означени како мнозински народ и малцински народи. Согласно позитивистичкиот приод, а се заборава дека идентификацијата продолжително опстојува на македонскиот идентитет. Прашања кои бараат доразјаснување и правно додефинирање.