Јованка КЕПЕСКА
Поради постојаните неуспеси во ангажманот да се постигнат промени кај македонскиот народ, се создаде отпор за вистински дебати за излез од лошата општествена ситуација. Реакцијата се сведува, главно, на реплики. Изоставуваат особено теоретските приоди за решенија што е последица и на состојбата во едукативниот систем истоветно како и на атмосферата во општеството за односот кон општествената теорија.
Имено, причината за одбојноста кон социјалната теорија е нејзината идеологизираност во минатото. А, со социјалните промени, пред неколку децении, кога социјалната теорија потпадна под влијание на постоечкиот позитивизам, карактеристичен, денес, и за исток и за запад. Пристап кој се исцрпува во податоци, етаблирајќи ја состојбата во општестото што се одрази и во научната сфера а и во конципирањето на образованието.
Во образованието, на пример, се изврши редукција не само на општествените дисциплини туку и на оние кои беа значајни за хуманистичката димензија на профилите пред сé на факултетите од техничките и природните науки. И на таков начин се превиде потребата од познавање хуманистичкиот приод и на аспектите за социјализација за професионалните профили кои се формираа во образовниот систем.
А тоа беа и моментите порадикои се изгуби интересот за социјалната теорија како ориентир при решението на општествените проблеми.
Иако мора да констатираме дека е факт дека во дадениот историски период светот, во целост, се развива во знакот на позитивизмот. Еднакво и во материјалната и во духовната смисла.
Сепак, мора да укажеме, дека хуманистичките науки, кои го бележат денешниот хуманизам, носат белег и на пресврт. Да ја објасниме суштината на тој пресврт на хуманистичките науки го наведуваме исказот на еден од германските, како што сакаше да се ослови, мислители, Мартин Хајдегер.
Мошне значајниот за мислењето, Мартин Хајдегер, објаснувајќи го овој процес, во последниот свој спис од 1969 год., како за крај на филозофијата, укажува дека тоа е процесот како за крајна можност на филозофијата преку самостојните, според него, традиционалните, науки, што меѓусебно сé поодлучно комуницираат, легитимно да ја довршат филозофијата. И токму таквиот процес во кој, преку двојство што непрестајно се надигрува – од филозофија во реализирана филозофија, како премин од филозофија во постфилозофија, за да се менат меѓучовечките односи, го познаваме како хуманизам.
За В. Сутлиќ светот на основите на вака конципираните науки, ќе се изедначи, за 100-200 години. Како извонреден познавач на филозофијата, и извршува суштинска филозофикација, за процесот кој се одвива и ќе се афирмира дефинитивно, е дека во техне ќе настане собирањето на знаењето (логосот), поетичноста (поиезис) и политиката и економијата што ја претставуваат организацијата на општеството (физис). Како изоден пат на кој се разрешува судирот на материјалното и духовното и следствено како разрешница на основното филозофско прашање за односот на објектот и субјектот.
Филозофската, или поточно мислечката, дискусија која се надоврзува на најзначајните мислители во историјата на филозофијата на овој начин говори за патот на одговорот на прашањето каде води патот на иднината. Мартин Хајдегер (за него актуелниот свет е светот на „броењето“, на квантификацијата), укажува дека развојот со наведените карактеристики ќе трае три века.
Да се напомене, притоа, дека постојат и обиди да се примени методологијата од природните науки при решавањето на општествените проблеми. Иако методологијата на општествените и на хуманистичките науки е различна така што применета на равенки или биоетика и друго, остануваат неуспешни.
Во ваквиот процес знаењето на поединците и зголемувањето на промптното познавање на процесите се објективната потреба. А јасно е дека целокупното знаење се претпоставува. Оттаму, обврзува образованието да ја извршува обврската за ерудиција заедно со формирањето на јавната клима и усмерувањето на јавните медијатори. Како и внесувањето на научно сознание пред разрешување на стварноста и извршувањето на дејностите пред кои се најдуваме. Како и во организација на општестото.
Во актуелниот момент за да ги разрешиме економските проблеми, за да ги зајакнеме демократските продори, за да ја одбраниме националната идентификација и за да ја обавуваме нашата културна афирмација.
Сегашното настојување да се оствари мултиполарен свет е во течението на истите процеси, истоветно, и во деловите.
Во последно време не натиснаа актуелни премрежија оттаму малобројни се дебатите за тоа на каде се движиме во развојот и за тоа што стои пред нас, како активнст. Но, веќе, во повеќе наврати, академикот Милчо Коцарев изложува концепт за развојот на македонското општество и оттаму и за развојот на науките. При што е видлива афирмацијата на природните науки во единството со општествените. Написов, не е дебата со конкретните поставки на неговиот концепт туку за најзначајниот мислечки приод во рамките на хуманистичката мисла.