Имавме евтино решение за спасување и пред и за време на пандемијата…

Пишува д-р Роберт МАЛОУН

(Малоун е еден од најпознатите светски научници во областа на вирусите и вакцините. Изумител е на мНРА технологија врз која се базираат вакцините на Фајзер и Модерна, но е нивен жесток противник. Прв во светот упати на штетните последици од овие вацини, уште во мај минатата година, не го негира вирусот, напротив и самиот се има разболено и прв ја раскажа прикзната за создавањето на САРС КОВ 2 вирусот во лабораторија, застапник е на раниот третман со ивермектин и другите достапни лекови, како комбинацијата на фамотадин и уште еден антиинфламаторен лек. Водач е на тим кој во рамки на Министерството за одбрана на САД има задача, во случај на појава на нов природен вирус или напад врз САД со биолошко оружје, во најкраток рок да изнајде лек)

Незгодна е вистината дека дури и на почетокот на пандемијата на КОВИД-19, имавме многу едноставен, ефтин и ефикасен третман кој можеше да спаси поголем дел од изгубените животи (само во САД бројот на мртви од КОВИД 19 е над еден милион, забелешка на Денешен.мк).

Сè што требаше да направат СЗО и бирократијата за јавно здравје е да препорачаат и да ги поддржат луѓето што земаат доволно витамин Д3. Овој неуспех да се делува потекнува од ненаучната пристрасност и про-вакцинската опсесија на д-р Антони Фаучи. И уште еднаш, мејн стрим медиуми, платени од американската влада и фармацевтската индустрија за промовирање на вакцинарањето, дејствуваа со цензурирање, клеветење и потиснување на способноста на лекарите да ги информираат луѓето за научната вистина.

Болеста што ја претрпевте, загубата на нечиј живот во вашето семејство или меѓу пријателите, можеше значително да се намали со едноставно добивање на доволно витамин Д3. Ова е уште еден пример за тоа што се случува кога на неизбраните бирократи им се дозволува да ја контролираат слободата на говорот. Тоа е злосторство против човештвото.

Ефективноста на витаминот Д3 како профилактички третман за зајакнување на имунолошкиот систем во борбата против грипот и други респираторни РНК вируси за прв пат беше откриена во 2006 година. И покрај фактот дека овој третман е неверојатно ефикасен за спречување на смртна последица (преку зајакнување на вашиот имунолошки систем), тој никогаш не бил истражен од NIH (Националниот институт за здравје на САД), промовиран од ЦДЦ (Центарот за контрола на болести на САД) или од американската влада за третман на грип.

Едно големо прашање беше тоа што неконтролираните варијабли на дозирање, времето на дозирање и статусот на болеста резултираа со неконзистентни резултати од клиничките испитувања (како што видовме со испитувањата на Ивермектин и Хидроксихлорокин за КОВИД). Меѓутоа, кога витаминот Д3 се дава профилактички во доволни дози, постојат јасни и убедливи докази дека нивото на витамин Д во крвта од околу 50 ng/ml значително ќе ги намали симптоматската инфекција, тешката болест и смртноста.

Долгогодишната светска политика за јавно здравје е дека витаминот Д треба да се зема во доволни количина (обично дополнет во млечни производи) за да се спречи болеста на коските наречена рахитис. Но, ова е само минимално ниво за да се спречи многу болест. Препорачаните нивоа на витамин Д во нашето млеко не се доволни за посуптилните ефекти на овој есенцијален витамин за зајакнување на имунолошкиот систем. За нормално производство на витамин Д на нашето тело му треба многу многу сончева светлина, но современиотв живот, посебно ако сте некаде на север го отежнуваат тоа – особено во зимските месеци, кога честопати респираторните вируси предизвикуваат најмногу болести и смрт. Во извесна смисла, болеста и смртта од грип и други респираторни РНК вируси се болест на животниот стил.

А во многу вакви случаи, можее да се избегне непотребна смрт. Додека го пишувам горенаведеното, се потсетив дека неодамна разговарав со научник и лекар кој беше во тим во Министерството за одбрана (ДО) во 2006 година, кој откри изненадувачки наод додека ги анализираше податоците од војниците. Тој и неговиот тим бараа работи што би можеле да помогнат да се објасни зошто некои војници добиле лоша болест од циркулирачките вируси на грип, додека други не. Слушам многу приказни, но оваа ми беше прва. Во која било зададена година, речиси сите војници се изложени на истите варијанти на вирусот на грип. Па зошто тогаш постојат разлики во медицинските резултати?

Важно е да се има на ум дека многу податоци сугерираат дека „шпанскиот грип“ од 1918 година, кој го зафати светот на крајот на Првата светска војна и предизвика толку многу смртни случаи кај релативно млади луѓе, можеби потекнува од млади регрути од средниот запад на САД, изложени на вируси на свински грип. Оваа верзија на приказната за потеклото на грипот од 1918 година оди по линијата дека овие млади регрути фармери го донеле свинскиот вирус, на кој луѓето од САД се адаптирале, на европското бојно поле, каде што се инкубирал во заразна на која и погодувле ужасните услови на војната во ровови. Оттаму, болеста се раширила низ целиот свет, меѓу цивилите, со враќање на војниците.

Ознаката „Шпански грип“ што американските мејнстрим медиуми од тоа време ја применија на болеста беше уште еден случај на пропаганда дизајнирана да ја одврати одговорноста за појава на смртоносна заразна болест (од Владата на САД). Во секој случај, можете да разберете зошто Министерството за одбрана и Институтот за истражување на армијата, Волтер Рид, имаат долга историја на истражување на вирусот на грип – почнувајќи долго пред да постојат CDC, NIH или NIAID. Овој научник за истражување на Министерството за одбрана и неговиот тим спроведоа ретроспективна студија која ги поврза повисоките основни нивоа на витамин Д со намалените респираторни вирусни инфекции и болести (грип), користејќи воена база на податоци за корелација на нивоата на витамин Д со нивоата на грип и смрт. Министерството за одбрана веруваше дека ако тој го претстави своето истражување на д-р Фаучи, директор на NIAID (Национален институт за алергија и заразни болести), дека американската влада може да го промени правецот и во вложувањето пари во оваа линија на насоки за истражување и третман. Министерството за одбрана го виде потенцијалот за намалување на болеста и смртноста од грип со оваа безбедна профилактика и го упати да контактира д-р Фаучи за да разговара за ова откритие.

Овој научник ми кажа дека го закажал состанокот како што му бил доделен и ги презентирал своите цврсти податоци на д-р Фаучи. Тогаш тој беше информиран од д-р Фаучи дека политиката на САД е да се контролира грипот во САД со вакцини, а не со терапевтски средства. Крај на приказната. Нема достапни средства или поддршка за идна работа. Затоа, NIAID немаше интерес да го следи витаминот Д3 како профилактичко средство за респираторни заболувања, како што е грипот, и Министерството за одбрана се откажа од следењето.

Тоа значи дека пред повеќе од петнаесет години, д-р Фаучи веќе ги поставил политиките врз кои се засноваше одговорот на американската влада на КОВИД. Бидејќи таа политика се протега многу подалеку од грипот, тоа е одговорот на кој се враќа американската влада за сите епидемии на заразни болести, вклучително и оние што се појавуваат поради пандемија или био-закана.

Официјалната политика, поставена од д-р Фаучи, е дека Владата на САД сака вакцини за респираторни вируси пред сè друго, и не треба да се промовираат други профилактички решенија. Значи, со таа позадина, зошто некој би очекувал нешто друго освен ексклузивна опсесија на Владата на САД со решение за вакцина за заразна респираторна болест како што е КОВИД-19, дури и ако веќе постојат одлични, евтини алтернативи? Податоците за употреба на витамин Д3 се исклучително силни; сега има дури и рандомизирани клинички испитувања кои ја поддржуваат неговата употреба за третман на КОВИД, како и многу ретроспективни клинички испитувања кои ја покажуваат неговата ефикасност.

Насловот на една голема студија за мета-анализа објавена во октомври 2021 година е „Ризикот за смртност од КОВИД-19 е во обратна корелација со статусот на витамин Д3, а стапката на смртност блиску до нула теоретски може да се постигне на 50 ng/mL 25(OH)D3: Резултати од систематски преглед и мета-анализа“, и тој наслов прилично кажува се).

Сепак, упатствата за третман на NIH, пронајдени на нивната веб-страница во мај 2022 година, наведуваат дека: „Препорака: Нема доволно докази за да се препорача или за или против употребата на витамин Д за превенција или третман на КОВИД-19“.

Веб-страницата на CDC не кажува ништо за врската помеѓу нивоата на витамин Д3 и намалените тешки болести и смртни случаи кај респираторните вирусни заболувања, вклучително и КОВИД. Упатствата на NIH наведуваат една студија во која како единствен критериум за нивната евалуација на витаминот Д, им бил даден витамин Д на пациенти со КОВИД во единицата за интензивна нега (доцен стадиум КОВИД). Тие дури споменуваат дека овој труд е погрешен, пишувајќи дека: „Треба да се забележи дека оваа студија имаше мала големина на примерокот и вклучуваше учесници со различни коморбидитети и истовремени лекови. Времето помеѓу почетокот на симптомите и рандомизацијата беше релативно долго“.

Сепак, ова е цитираната студија за која NIH утврди дека нема врска помеѓу нивоата на витамин Д и намалената инциденца и болеста поради САРС-КоВ-2, притоа игнорирајќи ги сите други податоци. Јасна документација за научната пристрасност што резултираше со толку многу лоши одлуки за управување со јавното здравје во текот на сегашната епидемија. Нема ништо во упатствата за CDC за студиите за мета-анализа, ретроспективните студии, па дури и рандомизираните клинички испитувања во врска со превентивната употреба на витамин Д3 – само странично упатување до клиничките испитувања, доколку некој сака повеќе информации. Ова е шокантно. 

За заразна болест како оваа, лековите и терапевтските средства често се првата линија на одбрана. Лекарите користат дедуктивно расудување кога се соочуваат со нова заразна болест или дури и некоја непозната болест. Така се научени да реагираат на ново идентификувана болест од секаков вид, бидејќи тоа е многу ефикасен начин за лекување кога се соочуваат со непозната, па дури и нејасна дијагноза или докажан план за лекување. Започнете со третирање на симптомите додека не можете да ја откриете основната патофизиологија. Со КОВИД, мошне рано стана јасно дека лекарите од првата линија можеа да развијат ефективни терапии користејќи ја оваа стратегија. Имаше многу лекови, многу третмани (вклучувајќи го и профилактичкиот витамин Д3) кои делуваа.

Бројките на спасени животи со овој метод се зачудувачки, но владата буквално рече дека лекарите не треба да го прават тоа. Дека пациентите требало да си одат дома и да чекаат додека нивото на кислород не им биде толку ниско, што нивните усни стануваат сини. Тоа беше криминално од страна на HHS и американската влада. Навистина злосторство против човештвото.

Луѓето (и лекарите) се потпираат на CDC и NIH и чекаат тие да го донесат одлуките за здравствена заштита и здравје. Потребно е овие организации да се засилат и да ја завршат својата работа и да престанат да се потпираат на ненаучните предрасуди на високо влијателните бирократи. Тоа е да се заштити здравјето на јавноста. Не унапредување на интересите на фармацевтската индустрија и нејзините акционери.