Бескрајно горди на антифашистичката борба на македонскиот народ;
Во трајно сеќавање на сите загинати во војната против нацизмот и фашизмот;
Целосно подготвени да си ги вратиме решенијата и придобивките од историскиот АСНОМ;
Цврсто решени да го вратиме антифашистичкиот карактер на македонската држава;
Свесни за темниот облак на наци-фашизмот кој се надвива над Македонија, Европа и светот;
МААК како политичка партија на суверенизмот, независноста,
неутралноста и самостојноста на Република Македонија,
објавува

МАНИФЕСТ НА АНТИФАШИСТИЧКИОТ УМ

Денес, повеќе од кога и да е во последниве 77 години, Македонија, Европа и светот се загрозени од појавата на новиот наци-фашизам, како обид за наметнување нови антицивилизациски вредности и воведување нов експлоататорски колонијализам.

Денес, повеќе од кога и да е во последниве 77 години е извршен наци-фашистички напад врз умот на поединецот и врз колективната меморија на човештвото во обид да се релативизираат нацистичките злосторства од Втората светска војна и да се омаловажи антифашистичката борба и милионите жртви поднесени на олтарот на слободата.

Денес, повеќе од кога и да е во последниве 77 години, заради бришење на антифашистичката меморија, врз поединецот и човештвото се применуваат веќе познатите нацистички методи, овојпат доведени до совршенство:

– Методот на Хитлер за вперување на прстот кон замислениот непријател(тогаш еврејскиот, денес рускиот народ), негово сатанизирање и хистеричен обид за негово целосно уништување, преку збирната, единствено официјална мисла на воспоставената наддржава(тогаш во Берлин, денес во Брисел);

– Методот на Гебелс за забрана и казна за секоја мисла различна од официјалната, за секој поинаку изречен или напишан збор(тогаш во пишаните, денес во електронските медиуми и социјалните мрежи), забрана за книга, музика, театарска или филмска претстава од сатанизираниот народ (тогаш еврејскиот, денес рускиот);

– Методот на Лени Рифенштал, официјален режисер – пропагандист на Хитлер и Гебелс, во создавање на лажна реалност со пропагандни филмови за да се воздигнат сопствените и да се сатанизираат туѓите постапки (тогаш филмот “Триумф на волјата“ од митингот на Нацистичката партија во Нирнберг, денес илјадници телевизиски прилози на западните медиуми со фашистичкиот поздрав “Слава Украини“ и величање на нацистичкиот одред “Азов“);

– Методот на озлогласениот Јозеф Менгеле, германскиот лекар познат како “Ангелот на смртта“, кој во своите лаборатории вршел експерименти врз луѓе, денес, повеќе од 300 американски лаборатории на територијата на Украина за создавање биолошко оружје за масовна употреба против човештвото;

– И методот на, тогаш користените гасни комори за физичко ликвидирање на посочените непријатели на нацизмот до ниво на нивно целосно уништување, денес, гасни комори за слободната мисла на поединецот и за колективната меморија на човештвото, духовни гасни комори изградени врз ревизија на историјата и создавање на нова, лажна перцепција за минатото.

ВО ИМЕТО НА СЛОБОДНАТА МИСЛА!

Во тоа име, во името на слободната мисла, во името на историјата запишана со крвта на милиони жртви на нацизмот, во името на македонските жртви вткаени во придобивките од АСНОМ, во името на еден од малкуте народи кој самостојно се ослободи од наци-фашизмот – македонскиот, во името на вистината:

МААК ги повикува сите поединци, сите организации и здруженија и сите политички партии да ни се придружат во одбрана на антифашистичкиот ум, како последна одбрана пред налетот на новиот наци-фашизам надвиснат над Македонија, над Европа и над светот. Наци-фашизам кој со дотурање оружје вредно милијарди долари, наместо со барање дипломатско решение за мир, се заканува со уништување на човештвото преку можна нуклеарна војна.

Победата на антифашистичкиот ум ќе биде победа на човештвото над злото.
Да живее 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот!

Страшо АНГЕЛОВСКИ, Претседател на МААК