Пред некој ден, дојде една госпоѓа која има одредена дијагноза и со која почнавме програма пред некој ден. Посака да си купи уште некои други продукти и и кажав дека не смее оваа недела. Ама, ми вели, ќе ви платам, на што и одговорив дека може сите пари на светов да ми ги даде, јас нема да и продадам. Па ме праша дали не ми е целта да заработам. Не, и реков, мојата цел е да сте здрава. Се зачуди и задоволна си замина. И ме поттикна…
Доколку пред 27 години не прашавте дали некогаш ќе дозволиме некој да го смени името, да не обезличи, да не стави на листата на народи без татковина, уште тогаш ќе знаевте дека ниту еден политичар нема легитимитет да си игра и поигрува со тоа прашање.
Ќе ви беше јасно дека нема да треба да разговарате и преговарате со ниту една земја на овој свет за тоа прашање. И тука ќе беше почетокот и крајот на проблемот кој Грција го има.
И ќе се фатевте за работа уште тогаш и ќе создадевте стратегија како да одиме напред.
А за еден домат да се фатевте и да решевте од домат бренд да правите, немаше гладен и сиромашен Македонец да има. Едни ќе садеа, други ќе береа, трети ќе извезуваа, други ќе возеа, па ќе имаше фирми за салца, друга за кечап, едни ќе пакуваа, па комшиите пелати ќе правеа, нови дечки дизајн ќе смислуваа, логоа, етикети, флаери, на инстаграм слики ќе лепеа…
Ама вам 27 години ве интересираат само лесно заработените пари, оти земјава сте си ја сфатиле како кафич, а вие сте само келнери (подработувате нешто попатно). Дваесет и седум години не убедувате дека сме сиромашни, а сиромавиот кој е чесен е побогат од лажгото со многу пари.
Најпосле 27 години го лажете својот народ дека е мал, дека не може сам, дека мора кична да свитка.
Е, тој, малиот народ, е народот на Симон Трпчевски, на Марко Чаласан, на Родољуб Анастасов, на Горазд Росоклија, на Ацо Станковски, овој мал народ е народот на Вардар и РК и ФК, народот на Кедев, на Кевин Кузманов, на Благој Нацоски, на Ребис, на Гордана Нацева, на Ана и Игор Дурловски, на Марјан Пејовски… на Тоше.
Големи сме, толку сме големи што со политика се фатија само тие што не знаеја што да работат, што со себе. И им се предадовме, дозволивме да сме изгубени. А умни сме, мудри сме, ама Трпе само ние име имаме.
Да ви беше гајле за татковината колку што ми е мене за мојата клиентка, денес Грција ќе се викаше ГИРОМ!
Срам да ви е на сите на куп!