Прв и најважен чекор во психополитиката на комунизмот е во културниот живот на „пријателот“ да се создаде неред.
Целите на комунистите најдобро се остваруваат во атмосфера на неред, недоверба, економска депресија и на метеж во научните кругови.
Тоа се создаде во Македонија како држава, во последниве скоро 2 години. Изгубен политички систем, со изгубени правни начела, чести задолжувања и позајмици во економијата, а науката сведена на минимум. Дури и оние кои веруваа во новиот живот, ја сфатија горчината на лагите и реалноста им се одби од глава. Долгата позиција во опозиција ги зашемети јасните гледишта на сегашната власт која ја води државата без добиени избори. Но, примената на психополитиката ја започна доста порано за да го подготви теренот за да ја восприеми науката која си играла во држави како Америка и Русија, а Македонија навидум им беше еден доста лесен залак за делување.
Работеа многу, до тој степен да загосподарат со умот и телото на секоја влијателна личност во македонскиот народ. Почнаа со #Протестирам, кои бараа „правда, еднаквост“, оставки од тогашната владејачка структура. Протестираа против „полициската бруталност“, па бараа „правда за студентите“ со тоа што ги окупираа факултетите. Оние најгласните за студентските права кои ги предводеа протестите под мотото #ПоздравПленумци, сега се седнати удобно во пратеничките клупи, додека студентите преживуваат по студентските домови. Изиграни и изневерени, студентите повеќе не веруваат на гласни „херои“ кои се сега пратенички молчеливи „риби во аквариум“. Голтнати и искористени од системот кој им делегираше задачи, а сега ги замолкна.
Паметиме повредени полицајци, понижувани и навредувани, но горди. Паметиме демолирана и запалена канцеларија на Претседателот. Паметиме жив ѕид од граѓани кои го чуваа Уставниот Суд од збесната толпа на протестанти. Го паметиме Скопје обоено во шаренило од лицемерни фрлачи на боја со сила на раздор, лицемерие и аздисаност. Сето тоа финансирано од еден извор кој ги пушти пипците и ги држеше конците врз активностите на сегашните министри и пратеници. Новинари, јавни личности, актери, професори, самопрогласени граѓански активисти, адвокати, судии, политичари, аналитичари наголемо креираа искривена слика за реалноста под палката на стратезите. Планот мораше да успее.
Преку врева, опустошување, понижување и рушење бараа демократија, нудеа живот и истите тие донесоа демоНкратија. Тргнувајќи од фактот дека човекот е колективно „животно“, кое се држи заедно со другите единки за да се заштити од заканите кои го демнат во опкружувањето, нарачателите го групираа и го контролираа со специјални техники за да ги насочат нивните хирови кон скоро самоуништување.
Бруталноста која ја спроведуваа по секоја цена како оправдување дека се навидум жртви на некаков режим, беше една од мерките да обезбедат покорност на сите кои им се придружија.
Слепата доверба на народот во новиот „Месија“ психолошки му се наметна на народот.
Флоскулата „едно општество за сите“ се претвори во општество без Македонија и Македонци.
Деградирањето на македонскиот народ е подобро од негово целосно физичко истребување. Сосема оправдано во мерките на владеење на комунизмот и далеку почовечно од соочување на човекот со смртта. Не знам колку сме сите свесни, но овојпат не’ покоруваат без војна, со воспоставување на целосна контрола врз народот.
Оној глобализам за кој се залагаат е како другата страна на паричката од комунизмот.
Ова ќе ни биде ука за никогаш повеќе. Ова ќе ни биде поттик за да се бориме против овие психополитички игри кои колективно ни ги наметнуваа. Вие што ги прифативте, не сте вие виновни, бевте изиграни. На наредни избори, да внимаваме. Сите, колективно и свесно, да се зачуваме и заштитиме од лажни преданија, лажни пророци и лажни ветувања.