Индискиот премиер Нарендра Моди денеска го отвори најдолгиот комбиниран железнички и патен мост во Индија.

Мостот „Богибил“, кој е долг 4,9 километри, е над реката Брамапутра и поврзува две области во државата Асам, која граничи со Аруначал Прадеш, територија кон која Кина има територијални претензии.

– „Богибил“ не е само мост, туку е и многу важна врска за стотици илјади луѓе во регионот. Тој ја зголемува поврзаноста меѓу Асам и други делови на земјата, изјави Моди.

Извори од државната железница изјавиле дека мостот, кој чинел 840 милиони долари, е од големо значење за одбраната на Индија, затоа што неговата конструкција може да издржи тенкови, а може да се употреби и за слетување на борбени авиони.