Покрај 1 јануари, неработен ден за државната администрација ќе биде и 2 јануари идната година, одлучи Владата.

На вчерашната седница Владата донесе одлука и 2 јануари да биде неработен ден за вработените во јавната администрација, но со препорака и приватниот сектор да го прифати истото.

Така по повеќе години во 2019-та година повторно ќе има два неработни дена за прославување на Нова година, затоа што 1 јануари е неработен ден за сите граѓани. А некои може ќе го спојат и викендот.