Комерцијална банка, имајќи го предвид развојот на состојбите и сериозната опасност од ширењето на Ковид-19 во нашата земја, однапред изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година, информираат од банката.
Како што наведуваат во соопштението, со тоа веднаш е исплатен вкупен износ од 120.000.000 денари, наместо вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи.
-Со ваквата одлука, Комерцијална банка АД Скопје настојува да придонесе за поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, а со тоа и да го зголеми капацитетот на државните органи за обезбедување на сите потребни мерки и активности за заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување континуитет во функционирањето на виталните процеси во општеството, наведуваат во соопштението.
Комерцијална банка, додаваат, со сите свои сервиси останува во служба на клиентите со цел сите финансиски потреби да бидат безбедно и ефикасно опслужени.
Апелиаат да се почитуваат сите мерки и инструкции од надлежните органи во насока на што побрзо и поефикасно справување со овие предизвици.