Членовите на Комисијата за заразни болести денеска ќе заседаваат при што е можно повторно воведување на забрана за свадби и други семејни веселби во затворени простории.
Откако деновиве повторно е во пораст бројот на новозаразени со Ковид-19 и потврдените кластери од свадби и семејни веселби во Македонија, денеска е можно Комисијата за заразни болести да донесе одлука за забрана на семејните веселби во затворен простор.
Здравствените власти уверуваат дека имаме мирно лето и дека нема потреба од рестрикции, но повторно се разгледува опција за позасилени контроли на граничните премини и за воведување на мерката за влез во Македонија само со негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација.
Здравствени експерти алармираат дека бројот на новозаразени може пак да скокне и препорачуваат власта да врати дел од рестриктивните мерки.