Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок донесе одлука да се воведе задолжителен ПЦР тестирање за патниците од Косово кои минуваат низ нашата држава.
Како што соопшти денеска Министерството за здравство, транзит-патниците на граничниот премин треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.
Овој предлог од Комисијата ќе биде доставен до Владата.