Во сите основни училишта во Општина Аеродром храната се служи топла, во чинии од инокс, а учениците се задоволни од нејзиниот вкус и количина, констатирала посебната комисијата по извршениот увид на топлиот оброк што почна да се служи од минатата недела во училишта.

-Општина Аеродром формира посебна комисија, која денеска изврши увид на топлиот оброк што почна да се служи од минатата недела во сите основни училишта. Притоа е констатирано дека храната се служи топла, во чинии од инокс, а учениците се задоволни од нејзиниот вкус и количина, стои соопштението од Општина Аеродром.

Комисијата, како што велат од општината, е формирана по големиот број шпекулации што се појавија деновиве во врска со квалитетот на храната.