Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека во конфликтот Израел-Хамас досега биле убиени 31 новинар. Дваесет и шест од тие новинари биле убиени во Газа.
Четворица се убиени за време на нападот на Хамас во Израел на 7 октомври.
Еден новинар беше убиен во Либан, по израелско гранатирање врз Хезболах.
ЦПЈ вели дека уште девет новинари се пријавени за исчезнати или приведени.
„ЦПЈ, исто така, истражува бројни непотврдени извештаи за други новинари кои биле убиени, исчезнати, приведени, повредени или загрозени, како и за оштетување на канцелариите на медиумите и домови на новинари“, се вели во соопштението на групата.