Тој не е Македонец по род, но е Комита и Македончиште по душа и убедување… Тој е тој – Игор Карачиќ!
Ваква порака упати навивачката група Комити пред утрешниот дуел на ракометниот шампион Вардар против Келце во Скопје.
Натпреварот се игра утре 17:30 часот, а Келце е еден од најголемите ривали во најсилното европско клупско натпреварување. Сега во редовите на овој полски клуб игра Карачиќ, кој осум години беше Вардаров јунак.
Комитите подготвуваат срдечно добредојде на Хрватот и како противник на Вардар, за кого велат дека е наш и наш ќе остане…
– Има многу играчи кои не задолжија со своето залагање, борбеност, талент и харизма, многумина кои ни подарија моменти на кои секогаш ќе се сеќаваме, на кои ќе се гордееме и ќе раскажуваме дека сме имале привилегија да сме нивни современици и да ги доживееме… Тешко е да доловиме што е она што значи овој човек за нас и за Вардар, но ако мора да има еден кој вечно ќе стои високо на пиедесталот, ако има еден на кој треба името да му го славиме а не е во Вардар, ако има еден кој заслужува да му биде подигнат споменик, тој не е Македонец а по род, но е Комита и Македончиште по душа и убедување…Тој е тој – Игор Карачиќ! Да му се поклониме и заблагодариме за сите солзи и радости, за сите моменти поминати заедно. Игор е наш, наш и ќе остане. Сите во сала, порачаа Комити во објавата преку Фејсбук.