Навивачката група Комитите вечерва во Спортскиот центар Јане Сандански преку парола испратија повик до сите Македонци за одбележувањето на роденденот на македонскиот великан Гоце Дечев.
Навивачите на Вардар, на крајот од првото полувреме испееаја песна за Гоце Делчев и со самото тоа добија аплауз од присутните околу 4.000 во салата на ракометниот дуел против РК Партизан во рамките на СЕХА-лигата.
– Стани Македонче, време е за акција, за Даскалот кој ја обедини целата нација, гласи паролата на Комитите.
Македонскиот ракометен шампион Вардар ја забележа првата победа во новата сезона во регионалната СЕХА лига, го совлада белградски Партизан со 31:26 во рамки на 2. коло во групата Б.