Белгискиот фудбалски репрезентативец Винсент Компани, по драматична победа над Јапонија во натпреварот од осминафиналето на Светското првенство-2018, рече дека успехот е резултат од големата самодоверба што ја има тимот.
Белгија синоќа се спаси од пораз, откако по водството на Јапонците со 2:0, постигна три гола и обезбеди четвртфинале.
– Покажавме дека сме силни на психолошки план. Тоа е нашата силна страна. Самодовербата не ја изгубивме ниту по негативата од два гола и тоа беше клучно за победата. Јапонците беа упорни во секој дуел. Го играа натпреварот на највисоко ниво. Треба да нагласиме и дека сме добро подготвени на физички план, изјави Компани.
Во четвртфиналето Белгија в петок (6 јули) ќе игра со Бразил.