По инцидентот на 4 јануари зградата на М-НАВ на скопскиот аеродром и натаму ја обезбедува приватната компанија 2СС со која пред Нова година е склучен и нов договор, но сега со присуство и на полицијата заради поголема безбедност.

Кичевската компанија 2СС според податоците на Бирото за јавни набавки и на двата тендери досега била единствен понудувач и ги добивала тендерите за обезбедување на зградата на контролата на летање.

Ова според експерртите кои секојдневно вршат мониторинг на тоа како се трошат јавните пари не е новина. Според анализите на центарот за граѓански комуникации околу едан третина од договорите на тендерите ги добиваат компании кои се јавуваат како единствени понудувачи.

„Секој трет договор за јавна набавка во 2022 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Станува збор за 9.305 договори, во вкупна вредност од 26 милијарди денари (427 милиони евра). Отсуството на конкуренција води кон зголемување на ризикот во тендерите да не е добиена најдобрата вредност за потрошените пари.“

Во соштение до јавноста опозициската ВМРО ДПМНЕ во кое прашуваат зошто власта наместо да поведе истрага против компанијата за обезбедување таа и го продолжува договорот, се сомневаат дека М-НАВ направило малверзации со потпишувањето на договорот за обезбедување со кичевската агенција 2СС.

Имено според првичните информации во јавноста оваа агенција во време на инцидентот имала истечен договор, за после тоа согласно документациите кои се достапни новиот договор да биде потпишан на 29 декември 2023 година во истиот ден кога се отвораат понудите.

За експертите по безбедност вкчлучувањето на приватна компанија во обезбедување на ваков витален објект кој клучен за безбедноста на воздушниот сообраќај не е спорен но мора да се има јасни критериуми за тоа како треба да се извршува оваа работа.

Агенцијата за цивилно воздухопловство најави дека наскоро ќе биде готов и извештајот за тоа кои се причините зошто упадот воошто се случил во М-НАВ.

За случајот обвинителството отвори истрага против осум лица осомничени за кривичното дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кои се веќе лишени од слобода а овие случување доведоа и до разрешувања на раководните позиции во М-НАВ.