Денеска на сите пропагандни ресурси на режимот во Киев, беа дистрибуирани видео снимки од цивили кои загинаа во Чернигов, кои наводно биле „застрелани од руски војници“, а беше посочено дека сите загинати наводно застанале во ред за леб, објави портпаролот на руското Министерство за одбрана на Русија, Игор Конашенков.
– Сакам да нагласам дека во Чернигов немало и нема руски војници. Сите единици на руските вооружени сили се надвор од Чернигов, ги блокираат патиштата, а не се преземаат офанзивни дејствија против градот. На видео снимката реплицирана од украинските пропагандисти нема траги од експлозија на муниција. Сите прозорци во блиските згради се недопрени. Нема оштетувања на ѕидовите, нема други траги од експлозијата на теренот. Така, сите мртви луѓе се жртви на теророт на украинските националисти или овие видео снимки се уште едно инсценирање на Службата за безбедност на Украина (СБУ), тврди Конашенков.
Тој натаму во изјавата на брифингот додава:
– Сакам официјално да објавам дека единиците на руските вооружени сили вклучени во специјална воена операција немаат и не можат да имаат хемиска муниција. Меѓу борбената документација што ја фативме во 4-та бригада на украинската национална гарда, има детална карта на територијата на Украина со означени објекти на неа и видови складирани отровни материи. Затоа, секој обид за провокација на СБУ со употреба на отровни материи неизбежно ќе биде откриен. Постојано наведувавме факти за злосторствата на националистите кои ги тероризираат цивилите поради каква било непослушност или обиди да ги напуштат населбите, твдри Конашенков.
Американската амбасада во Киев денеска соопшти дека руските сили убиле десет луѓе додека чекале ред за леб во украинскиот град Чернигов.
Во соопштението објавено на Твитер и Фејсбук, Амбасадата на САД не ги наведе доказите или изворите на своето тврдење.
– Руските сили денеска пукаа и убија 10 луѓе кои стоеја во ред за леб во Чернигов. Таквите ужасни напади мора да престанат. Ги разгледуваме сите можни опции за да обезбедиме кривична одговорност за ужасните злосторства во Украина, наведува амбасадата на САД во Украина.
Видеото од брифингот може да го погледнете ТУКА.