Ова е листата на донатори од различни земји, кои донирале повеќе од 50 000 долари на Фондацијата на Клинтонови.

Не станува збор за донации од државата, туку за донации од правни или физички лица, а во листата се навдени земјите од кои потекнуваат. Како што можете да видите, на прво место се донациите од Украина.

Листата ја објави Wall Street Journal, а се однесува за периодот од 1999 до 2014 година.

Оваа вест на весникот не е нова. Потекнува од 19 март 2015 година. Но, го возбуди американските фаст чекери кои побрзаа да објаснат дека Хилари Клинтон не примила пари од странци за време на изборната кампања во 2016 година затоа што тоа е незаконски. Возбудата доаѓа откако во американските медиуми, минатиот месец во февруари, се појавија токму такви тврдења.

Едно од тие објаснувања на фаст чекерите можете да го причитате на овој линк, а објаснувањата не се однеусваат на табелата што ја објавил Wall Street Journal, туку на нејзината погрешна интеретација. Податоците од табелата остануваат исти и точни.