Руските сили за воздушна одбрана пресретнаа изминатиов ден осум украински ракети ХИМАРС и Олха, една противрадарска ракета ХАРМ и една балистичка ракета Точка-У, соопшти денеска портпаролот на Министерството за одбрана, генерал-потполковник Игор Конашенков.

– Во воздухот се пресретнати 8 проектили, од кои 6 на американскиот повеќецевен ракетен систем HIMARS во близина на населбата Антоновка во регионот Керсон, два проектили Олха во населбата Антоновка и една ракета HARM во населбата Нова Каховка во регионот Керсон, рече Конашенков.

Тој додаде дека една украинска балистичка ракета Точка-У била соборена и во близина на населбата Куземовка во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛПР), пренесе агенцијата ТАСС.

Како што рече, руската авијација елиминирала 100 милитанти на групи странски платеници, меѓу кои и оние од САД, Велика Британија и Полска, со високопрецизно оружје кај Красни Лиман.

– Во областа на населбата Красни Лиман во Народна Република Доњецк, со високопрецизен напад на руските воздухопловни сили елиминира 100 милитанти на националистички групи и странски платеници, меѓу кои и околу 40 платеници од САД, од Велика Британија и Полска, како и 10 оклопни борбени возила, рече тој, пренесува агенцијата Танјуг.

Украинските вооружени сили, додаде Конаѓенков, се обиделе да ги нападнат позициите на руските војници во ЛНР и регионот Харков при што руските сили елиминирале 200 украински милитанти.