„Спајс грлс“, кои пред 20 години беа на врвот на музичката сцена, вчера во Даблин , местото од каде што официјално почна нивната турнеја, се чини ги разочараа обожавателите.
По само неколку песни, Твитер беше преполн со коментари за лошиот звук на стадионот и за лошото пеење на девојките, иако турнејата долго време се најавуваше и уште подолго време се спремаше.
На социјалната мрежа беа објавени и бројни видеа на кои можеше да се види како голем дел од публиката го напушта стадионот поради тоа што ништо не можело да се слушне, иако платиле повеќе од 150 долари за картите.
На сцената четирите девојки од бендот, без Викторија Бекам која не е дел од оваа турнеја, изведоа некои од нивните најголеми хитови, но сепак, поради проблемите со звукот, многу од истите не можеле да се слушнат.
Иако поминаа години од нивното последно шоу, сепак, девојките изгледаа навистина одлично, а секоја од нив се чинеше дека е во топ форма.
Турнејата на некогаш омилените Spice Гирлс завршува на 15 – ти јуни, а на дел од концертите со нив ќе настапи и популарната британска пејачка Џес Глин.