Првата дама на Америка, Меланија Трамп (49) открива на што се должи нејзиниот добар излед.

Секој ден го започнува со иста намирница

Иако како прва дама на Америка има многу обврски, Меланија не пропушта здрав појадок. На нејзиното утринско мени се наоѓа смути и каша од овес, која има висока содржина на влакна,

Секој ден јаде барем 7 овошки

Јаде многу овошје. Во едно интервју открила дека нејзина дневна цел е да изеде барем седум овошки.

Ништо не си забранува

Поради добриот изглед, многу луѓе мислат дека Меланија не внесува шеќер во организмот. Но, тоа не е вистина.

-Немам вообичаен колач кој секогаш го јадам. Ако ми се јаде слатко, би избрала овошје или малку чоколадо затоа што мислам дека и тоа му е потребно на моето тело, вели Меланија, која си допушта и да јаде сладолед, се додека „тој е во баланс со нејзината исхрана“.

Внесува многу течности

Многу и е битно да внесува доста течности, особено вода во текот на денот, за да остане хидрирана. Никогаш не јаде мрсна или калорична храна. Откако го родила синот Барон и го загубила вишокот килограми, признала дека здравата храна и пилатесот два – три пати неделно, и помогнале да се врати во старата форма.