Граѓаните бараат решенија на проблемите, не бараат да слушнат „Ќе“, ниту бараат црни кампањи. Граѓаните им дадоа жолт картон на политиките во последните 20 години, не само за четири години, рече вечерва во дебатна емисија на МТВ посветена на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалициските партнери, Христо Кондовски.
„Го слушам противкандидатот неколку пати споменува пара за поткусурување, потценување на луѓето, притисоци за луѓето, за новинарите… Сведоци сме дека минатиот период дури и нивниот лидер Христијан Мицкоски дојде со готова слика на готово прашање. Сигурно не беше пророк па да знае дека новинарите тоа ќе го прашаат, па да носи слика во индустриската зона Жабени.
Од каде ви се тие тези. Да не случајно вие така мислите. Јас тврдам дека вие така мислите. Јас ниту во една теза не спомнувам дека луѓето се пара за поткусурување, вие тоа го спомнувате. Од каде сето тоа и уште колку мислите подлабоко да влегувате во црната кампања. Зошто на битолчани им нудите црна кампања наместо проекти, идеи и реализации со рокови.“-рече Кондовски.
Посочи дека тоа што граѓаните бараат решенија, а не само ветувања е негова компаративна предност.
„Јас сум нов лик. Никогаш не сум располагал со државни фондови, не сум бил оној кој одлучува во државата. Сега мој порив како граѓанин и стопанственик е обединувањето. А токму таа порака ја испраќаат граѓаните со сегашните совети, со сегашните структури на совети во Битола и во повеќе општини и сметам дека исто така тоа е моја компаративна предност затоа што од секогаш сум знаел, сум умеел да не ги делам луѓето на партиска основа. Имаме избори уште 5-6 дена, а потоа почнуваме да работиме за Битола. Пораката е јасна, сватена, се сложувам со пораката, максимално ја прифаќам и сметам дека можам да одговорам на ова на најдобар можен начин како иден градоначалник. Да ги сплотам сите политички опции и да работиме како еден извршен момент во идната локална самоуправа за реализација на проектите и идеите кои ќе донесат добро на Битола и битолчани.“-рече Кондовски.
Кондовски рече дека настојува позитивно да ја заврши кампањата, но се соочува со црна кампања.
„Да зборуваме за проекти и идеи. Но, некако мојот против кандидат нон стоп ме лепи за матрица, а тој е една матрица на режимот на Никола Гриевски, на владеењето на Владимир Талевски кој ја девастира Битола. Еве, јас само со факти од реални портали од реални слики, еве видете овде е со Никола Груевски со Владимир Талевски и тој. Значи се работи за еден стар режим, а има лице и смелост да ми кажува дека јас сум од некоја матрица. Упорно повторувам и со докази и со сè, знаат и битолчани дека не сум бил досега на никаква јавна функција. И немам потреба од тоа да се срамам, сметам дека тоа е моја компаративна предност и цело време во секоја реченица исто се зборува матрица, ова, она…Еве ја матрицата. Оваа матрица е режим. 12 години што е направено за Битола? Овие 4 години мака се мачеше да се одкочи Битола баш од таа матрица. Тоа е новото лице на таа истата матрица. Нема член во екипата сменето во нивната екипа.“-рече Кондовски.