Јас сум сто отсто сигурен од тоа што можев и да го слушнам на дебатите, посебно на онаа дебата каде сите беа против вредностите на актуелниот градоначалник на Скопје, тоа што тој го нуди не им треба на скопјани, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хиристијан Мицкоски на вечерашното гостување на телевизија Клан.

Тој потенцираше дека иако ова се локални избори имаат голема важност за граѓаните. Оттука треба да се гледа, рече Мицкоски, кој што нуди и што кажува.

„Сакам да кажам дека одлучуваме за нашата иднина. Дали се вредности, гребење булевари и поставување на неколку милиметри потенок слој асфалт, дали треба да има три пати поскапа пожарникарска скала, дали треба да се градат куќи на политички моќници и градски татковци кои ќе мавтааат со документи за реконструкција, а да градат згради“, рече Мицкоски.

Според него ова што некој го збори или нуди е се, само не нешто што им треба на граѓаните на Скопје.

„Ова е нешто што не му треба на Скопје. А за забелешките за нас кога ја водевме локаната самоуправа, ние ја плативме цената“, рече Мицкоски.

Што с еоднеусва до ДУИ, тој додаде дека оваа кампања од ДУИ кои се претставуваат како зелена партија не слушнавме за искористување на енергијата од ветерот, сонцето, но видовме како со СДСМ го делат народот, иако тие поделби кои ги прави власта не го прави народот во Македонија посреќен.

– Слушнавте нешто за подобар живот и иднина? Не, и нема да слушнете затоа што не знаат како. Тие знаат само како да се валкаат во политичката кал и тука се неприкосновени, им нема рамен за да создадат омраза, рече Мицкоски.

Мицкоски говорејќи за Кичево изјави дека за разлика од ДУИ кои прават поделби, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Кичево, Александар Јовановски на дело покажа како се обединува, неговата сопруга е Албанка, мајка на три дечиња, кои се вистински пример за заедништво.

– Се работи за народот за Кичево, а од другата страна што имаме? Која е понудата од другата страна? Слушнавте вие од ДУИ за зелената агенда, за поквалитетен живот, за еколошки стандарди, за сончева енергија? Не слушнавме, но слушнавме други работи. Враќање во политичката кал, етничка омраза, нагласи Мицкоски.

Тој потенцираше дека овие политики на ДУИ и СДСМ не го спречуваат народот кој се иселува да остане тука, туку се повеќе го бркаат.

– Ајде да се вратиме на она што ни ги брка децата надвор. Затоа што кога ќе појдете после изборите во Зајас и Осломеј ќе видите дека ролетните се спуштени и не чадат оџаците на куќите. И се помалку се враќаат назад. И цела Македонија е таква, изјави Мицкоски.