Новиот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески од Ѓорче Петров ја започна серијата посети низ цела Македонија.
Ќе оствари средби со младите, со нив ќе сподели идеи, а вели дека каде што има идеи, има и иднина.

-Од УМС Ѓорче Петров ја започнуваме серијата посети низ цела Македонија. Таму каде што има млади, има идеи. Таму каде што има идеи, има иднина. Да живее УМС на ВМРО – ДПМНЕ, порача тој.




