Претседателот на Конго Феликс Чисекеди ја обвини Руанда дека се обидува да ја окупира неговата земја поради нејзиното огромно рудно богатство.
– Безбедносната ситуација на истокот на земјата продолжува да се влошува, во суштина затоа што Руанда се обидува да ја окупира нашата земја богата со злато, колтан и кобалт, со цел да ја искористи и профитира. Ова е економска војна за ресурси, што ја водат терористичките банди на Руанда. Цивилите во источниот дел на Конго се под брутален напад од нашиот сосед, рече тој.
Тензиите меѓу двете земји нагло се зголемија во последните денови откако бунтовничката група М23 ја презеде контролата врз градот Бунагана во Конго.
Конго ја обвинува Руанда дека ја поддржува групата М23, иако тие тоа го негираат.
Вчера Руанда објави дека еден конгоански војник ја преминал границата меѓу двете земји и почнал да пука кон безбедносните сили и цивили пред да биде убиен.
Претседателот на Конго ги повика меѓународните лидери, вклучително и британскиот премиер Борис Џонсон, да го засилат притисокот врз Руанда, која ќе биде домаќин на самитот на Комонвелтот следната не дела.