Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска ја коментираше одлуката на Министерството за труд и социјална политика за одземање на дел од ингеренциите во детските градинки „Мајски цвет“ во Битола.
„Повторно еднострана и крајно политичка одлука. Значи одземени се дел од ингренциите во изборот на член во управен одбор. Тоа е во рамките на сите притисоци кои деновиве се вршат и врз детските градинки и тоа е жално, посебно врз вработените притисокот е огромен, морам да кажам посебно детската градинка „Естреја Овадија Мара“, во која секојдневен е притисокот врз вработените, со претставки буквално сме затрупани. Нив ги проследуваме до министерството за труд и социјална политика и тоа треба конечно да реагира. Видете ова не оди во прилог на најмладите, политичкото препукување треба да се остави настрана, треба да се свати дека една опција бара можност да ги покаже своите квалитети, меѓутоа едноставно се стопираат на секој начин работите, а тоа е и со актуелниот штрајк, посебно во детските градинки, каде огромен е притисокот врз вработените“ рече Коњановски.