Антонио Конте го доби случајот против Челзи, што го покрена поради начинот на кој клубот се раздели со него во текот на изминатото лето, информираат медиумите во Италија.
Англискиот гигант го отпушти Италијанецот и покрај фактот дека за две сезони стратегот му донесе на тимот шампионска титула во Премиер лигата и ФА Купот.
Конте ги започна минатото лето подготовките со Челзи, но беше отпуштен во почетокот на јули, а на негово место беше назначен Маурицио Сари.
Челзи се очекува да плати отштета во износ од 9 милиони фунти на Конте за преостанатата година по договорот помеѓу него и клубот.