Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера од 6 до 22 часот спроведе засилена контрола во врска со контрола на брзина на движење на моторни возила.
Во овој период санкционирани се 79 возачи кои ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 90 мерки во врска со акциската контрола, издадени се 75 платни налози, четири прекршочни платни налози, писмено опоменати се единаесет возачи, откриени се 46 останати прекршоци, издадени се 19 прекршочни платни налози и 27 мандатни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ноќеска меѓу 23 и 5 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.
Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 180 возачи, а кај 18 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 53 мерки.
Исклучени се 18 возачи од сообраќај, привремено се одземени 17 возачки дозволи, издадени се 18 мандатни платни налози, откриени се 55 останати прекршоци за кои се издадени 40 мандатни платни налози и 15 прекршочни платни налози.
На автопат А4 во изградба Миладиновци – Штип, кај надвозникот за село Крушица, вчера околу 18.40 часот се случила сообраќајна незгода во која Г.Г.(48) од Скопје, управувајќи товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки удрил во надвозникот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.Г., кој бил пренесен во Ургентен центар -Скопје. Увид на лице место извршила екипа на Полициската станица Свети Николе.
Полициски службеници по судска наредба вчера во 13.20 часот на ул. „Индира Ганди“ бб во Скопје го привеле лицето А.С. (34) од скопско Арачиново за издржување казна затвор од 10 години по член 123 став 2 ,,убиство“ од Кривичниот законик на Република Македонија.