Во средата околу 18:20 часот во Центарот за информации и команда Тетово било пријавено дека на местото викано „Кобилино поле“, атар на Маврови Анови, на Кораб Планина има планинари-државјани на Република Хрватска, претставници на планинарско друштво од Сплит.

На еден од нив, П.П. (58) од Сплит му се влошила здравствената состојба и побарал помош.

Со хеликоптер на МВР лицето било донесено во Градската општа болница „8-ми Септември“-Скопје, каде од страна на лекар била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.