Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 121.757 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 4.389, а оздравеле 66.988.

– Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска ја коментираше изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел, која оцени дека меѓу 60 и 70 отсто од Германците ќе заболат од Ковид-19.  – Такви зборови предизвикуваат паника, рече Бабиш, дополнувајќи дека Чешка презела строги мерки заради избегнување на најлошото сценарио.

– Во Словенија за само два часа има 10 новозаразени. Вкупниот број на инфицирани лица е 57.

– Унгарија забрани влез на странски државјани од Италија, Јуѓна Кореја, Иран и Кина. Универзитетите во земјата ќе бидат затворени, а во сила е и забрана за собири во затворен простор за над 100 лица, или на отворено за над 500. Унгарија има 13 потврдени случаи на Ковид-19, без фатални последици.

– Украина денеска соопшти за затворање на училиштата, универзитетите, кината и други места за собири, иако во таа земја е забележан само еден случај на заразата.

– Американски државен обвинител поднесе пријава против Јутјуб телевангелистот Џим Бејкер, кој во неговата емисија тврдење дека колоидната сребрена вода, која тој ја продава, штити и лекува коронавирус.

– Во Германија денеска евидентиран трет смртен случај од коронавирус и 1296 заразени.

– Папата Франциск, кој е затворен во Ватикан поради епидемијата на коронавирус, денеска ја одржа првата виртуелна општа аудиенција, за време на која се заблагодари на медицинскиот персонал на напорната работа, но го повика и светот да не заборави на сириските бегалци.

– Во Велика Британија за 24 часа има 83 нови случаи, што претставува најголемо зголемување за само еден ден. Во таа земја потврдени се 456 случаи на новиот коронавирус.

– Британските здравствени власти ги негираа тврдењата на социјалните мрежи дека оние што немаат здравствено осигурување можат бесплатно да откријат дали се заболени од Ковид-19 со доброволно дарување крв. „Коронавирусните тестови не се прават со крв. Нема докази дека коронавирусите можат да се пренесат преку дарување на крв“, соопштија британските власти.

– Хондурас ги потврди првите два случаи на Ковид-19 во земјата.

– Алжир ги суспендираше економските, културни и политички собири во обид да се спречи ширењето на вирусот.

– Велика Британија најави дека ќе издвои над 30 милијарди над 30 милијарди фунти за да ја подготви економијата за последиците од епидемијата на коронавирусот.

– Израел, каде се евидентирани 42 случаи, бара сите кои пристигнуваат од странство да си воведат самоизолација во траење од 14 дена.

– Шпанија го надмина прагот од 2000 заразени, од кои 47 починаа, претежно во Мадрид, соопшти денеска шпанското Министерство за здравство. „До среда изутрина пријавени се 2002 заразени, а во вторник до 18 часот беа 1.639, соопшти директорот на државната епидемиолошка служба Фернандо Симон.

– Воената вежба на НАТО „Cold Response 2020“, во која треба да учествуваат над 15 илјади војници на северот на Норвешка, е запрена поради епидемијата на Ковид-19. Во Норвешка досега се заразени 277 лица.

– Луфтханза откажува 23 илјади летови во периодт од 29 март до 24 април. Најголемиот дел се во Европа, Азија и Блискиот исток.

– Во Иран евидентирани 958 нови заразени и 63 нови смртни случаи.

– Студенти од Универзитетот дејтон во американската држава Охајо се судрија со полициските сили откако од нив беше побарано за помалку од 24 часа да се спакуваат и да ги напуштат студентските домови заради спречување на ширењето на коронавирусот.