Свечен танц во Чешка стана вистински хит на социјалните мрежи кога играчите свртени грб со грб изиграа валцер. Ова видео го погледнале повеќе од милион луѓе.
Гламурозните маски, како што обично се гледаат на балови, беа заменети со заштитни маски за лице, а партнерите за танцување беа свртени со грб.
Од една страна, се чинеше доста комично, но истовремено и тажно.
Некои корисници на Твитер рекоа дека танцот е направен за да се исмеваат новите мерки на чешката влада против ковид-19.
Без оглед дали станува збор за шега или реалност, видеото предизвика огромен интерес на социјалните мрежи.