Неколкумина фудбалери и членови на клупскиот персонал на Манчестер Јунјатед се заразени со коронавирус, објави премиерлигашот.
Клубот наведе дека сите заразени се испратени во изолација, а за целата ситуација е известено раководството на Премиер лигата.
Остатокот од екипата во неделата тренираше индивидуално.
Јунајтед во саботата го победи Норич со 1-0, а сите во екипата кои патуваа на тој гостински натпревар беа негативни на тестирањата.
Манчестер Јунјатед во вторник го очекува премиерлигашки натпревар против Брентфорд.