Во последниве 24 часа во Македонија биле регистрирани 54 новозаболени пациенти од коронавирусот.

Со тоа, како што објави ТВ Алсат, вкупниот број на заболени од коронавирусот во земјава достигна 908 пациенти.

Со ппочинатите 6 пациенти заболени од коронавирус во изминатото деноноќие, вкупниот број на починати лица во Македонија се искачи на 44.