КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА: Утрово биле тестирани 10 лица, од нив позитивни се 3 и вкупниот број на заразени се зголеми на 26

/ 17.03.2020

За нови три случаи денеска е зголемен бројот на заболени со коронавирус и моментно во Македонија има 26 пациенти, информира министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи.

Утрово биле тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите се 3-ца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контрони тестови кои го потврдија претходниот резултат. Состојбата на сите пациенти е стабилна.

Филипче закажа прес-конференција во 14 часот на која ќе даде повеќе информации.


Од истата категорија